fbpx

Коѕиас – Нимиц: Грчките и македонските мерки за градење доверба имаат сличности

-

Македонската и грчката листа со предлог-мерки за градење на довербата имаат слични точки и идеи. Ова го изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, по неговите средби со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун и со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, во Њујорк. Коѕиас ја повторил грчката волја за продолжување на разговорите, но забележал и дека зад спорот за името се кријат иредентистички тенденции од македонска страна.

Како што истакна Коѕиас, со Нимиц се разговарало околу текот на преговорите за спорот за името. Грчкиот шеф на дипломатијата го информирал посредникот за новиот момент, односно за разговорите меѓу двете влади за потенцијално усвојување мерки за градење на довербата.

Коѕиас истакна дека последниве денови ги разгледувале македонските предлози и увиделе дека листата од македонската влада има заеднички точки и предлози со листата сугестии од грчка страна. Коѕиас потсети дека првпат со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, разговарале за мерките на средбата во Рига, додавајќи дека веќе на следната средба во Букурешт биле разменети листите предлози меѓу двете страни.

– Пред еден месец во Рига се сретнав со министерот за надворешни работи на ФИРОМ, кој има исто име со мене, Никола, се вика, значи, Никос, и му предложив да разговараме за мерки за градење на довербата. Немаше веднаш одговор, но на крај владата од соседната држава се согласи на ваков разговор. Во Будимпешта разменивме каталози со точки за мерки за градење доверба и како што анализиравме последниве денови, постои сличност за одредени точки – истакна грчкиот шеф на дипломатијата.

Коѕиас ја реафирмирал волјата и интересот на грчката влада да се продолжи дијалогот за решавање на спорот за името, но му истакнал на Нимиц дека треба да го земе предвид фактот дека зад спорот за името се крие конкретен вид иредентизам, кој го отежнува она кон кое тежнее и го посакува грчката влада, односно обновувањето на добрите врски и довербата меѓу двете страни.

Спорот за името бил само кусо споменат на разговорот со Бан Ки-мун. Коѕиас забележа дека помалку разговарал со генералниот секретар за Македонија, додавајќи дека претпоставува дека Нимиц веќе го информирал за грчките позиции. Коѕиас и Ки-мун разговарале за кипарското прашање, а главно се задржале на ситуацијата со новата криза со бегалците и со имигрантите во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...