Извозот на компаниите во економските зони достигна 776 милиони евра

-

Во технолошко индустриските зони (ТИРЗ) е регистрирана највисока економска активност во првиот квартал во последните четири години, како во однос на извозот, така и според увозните резултати, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. 
Во првите три месеца од 2021 извозот од ТИРЗ достигна 776 милиони евра што е за 30 отсто повеќе од истиот период во претходната година, а во однос на 2018 година порастот е над 41 отсто, соопштија од ТИРЗ. На месечно ниво, извозот во март изнесувал 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец во минатата година. Компаниите кои работат во зоните се носители на вкупниот извоз во земјата со над 48 отсто.

Во првиот квартал од годинава увозот изнесува 736 милиони евра и е за 34 отсто повисок од првиот квартал лани. Во зоните во март исто така е регистриран највисоко ниво на учество во севкупниот увоз досега, од 36 отсто.

„Трендот на раст на увозот е поврзан со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првиот квартал од оваа година се потпишани договори со три компании чиј вкупни инвестиции се очекува да достигнат 50 милиони евра“, изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Тој додава дека во изминатите 5 месеци имало инвестициски проекти кај 15 компании кои вкупно тежат околу 250 милиони евра и предвидуваат отворање на дополнителни 5.500 нови работни места.

Во првиот квартал од годинава бројот на вработени во зоните е стабилен, во компаниите работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе има постапки за отворање нови работни места.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...