fbpx

Изутринава во Штип запален уште еден автомобил

-

Рано изутринава гореше автомобил „мерцедес“ на паркинг пред станбена зграда во Штип, сопственост на турски државјанин. Само брзата интервенција при гаснењето спречила возилото целосно да изгори.

Ова е 20-то опожарено возило од почетокот на годината во Штип.

Според информациите од штипските пожарникари, кај нив пожарот бил пријавен во 5.45 часот, по што веднаш излегле на терен. Возилото било целосно изгасено, а како што дознаваме, со огнот било зафатено друго возило, паркирано до него, кое што поминало со помала штета.

Од она што може да се види, скршен е задниот прозорец, целосно е изгорен задниот дел на Мерцедесот, додека предниот дел е зачуван.

Од СВР Штип засега не соопштуваат детали, во очекување да заврши увидот.

Мерцедесот гореше пет дена откако беше запалено возилото на Никола Тушев, поранешниот претседател на штипски СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...