fbpx

Штипски пораки со молотови коктели, 19 запалени автомобили за неполна година

-

Вчерашниот случај со палењето на возилото на поранешниот прв човек на СДСМ во Штип, Никола Тушев и на неговиот татко, не е случаен. Фактот дека се запалени автомобилите кои не биле паркирани еден до друг, туку на спротивната страна, говори дека имало намера.

Дополнително, двете возила се запалени на ист начин – со кршење на стаклото, по што е фрлен молотов коктел. Минути, не часови биле доволни да ги пеплосаат возилата. Бидејќи се работи за возило на политичар и советник во кабинетот на градоначалникот на Штип, неговата матична партија посочи на опонентот од ВМРO-ДПМНЕ, па актуелниот претседател на огранокот на СДСМ во Штип, праша „дали Мицкоски со ова мисли на обновата“.

Од ВМРО-ДПНЕ вратија со прашање: „Дали поранешниот претседател на ОО СДСМ Штип има нерачистени должничко – доверителски односи во некој од многубројните негови бизниси?“

Во СВР Штип, каде се води истрагата, бараат време да излезат со анализа. Во дневникот за интервенции на Професионалната противпожарна територијална единица до вчера има запишано интервенција на дури 19 запалени возила.

Полицијата има евиденција на самозапалени возила, но и на намерно запалени, како што соопштуваат „од неутврдени причини“. Меѓутоа, како што потврдија од Основно јавно обвинителство во Штип, ниту еден случај не дошол до рацете на обвинителите на натамошна разработка. Тоа значи, дека за 10 месеци полицијата не успеала да заврши ниту еден случај на запалено возило.

Тоа во градот остава простор за многу шпекулации. Запалените возила „од неутврдени причини“ имаат ист потпис. Прво се крши прозор на возилото, па потоа се уфрла запаллива течност, по што возилото целосно се опожарува. Колатерална штета се до нив паркираните возила. Денеска низ Штип може да се слушне дека се знае и човекот за нарачка, кој со години се занимава со сомнителни бизниси.

На ваков начин во текот на летото беше запален џип БМВ на штипјанец, кој последните години се занимава со транспорт на стоки, но со дебело полициско досие.

По вчерашното палење на автомобилите на Тушеви нема двојба дека е насилен чин. Во тоа не се соменева ниту Никола Тушев, кој кратко изјави дека јасно е дека не е случајно.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги пренесе сомнежите што прво се слушнаа, со прашање „дали се вработуваат лица за пари и на нетранспарентен начин, не испровоцирало некој од партијата да се осмели на ваков чин?“ На ваквото прашањето пренесено од новинарите до претседатедателот на СДСМ во Штип, Александар Кангалов, од партијата одговорија писмено со апел да не се шпекулира додека не заврши истрагата.

Но, додека тече истрагата излегоа бројни шпекулации, кои најчесто се сведуваат на тоа дека поранешниот претседател на СДСМ, Никола Тушев, во своите бизниси го искористил политичкото влијание како брат на Маринела Тушев, шефицата на кабинет на министерката за правда и сопруга на советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ.

Шпекулациите може да ги реши само брза и ефикасна истрага која води до сторителите, не само на вчерашното опожарување, туку и на сомнителните случаи на пожар во возила, како што велат од полицијата „од неутврдени причини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...