Израел предупреди граѓани во Либан да напуштат воени цели поврзани со Хезболах

Би-би-си потврдува дека на граѓани во Либан им стигале текстуални и говорни пораки во кои им се кажува да напуштат села „користени од Хезболах“ или „згради во кои се складираат оружја на Хезболах“

-

Израел извршува низа воздушни напади во Либан, таргетриајќи воени цели поврзани со Хезболах. Израелската војска ги предупреди жителите на Либан да напуштат места кои може да се поврзани со Хезболах или каде членови на организацијата се борат, пренесува Би-би-си.

Би-би-си потврдува дека на граѓани во Либан им стигале текстуални и говорни пораки во кои им се кажува да напуштат села „користени од Хезболах“ или „згради во кои се складираат оружја на Хезболах“.

Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), погодени се најмалку 300 воени цели. Министерството за здравство на Либан извести дека најмалку едно лице било убиено во денешните напади.

Министерот за информации на Либан Зијад Макари соопшти дека и тој добил порака со такво предупредување. Тој вели дека предупредувањата биле пратени до случајна селекција на телефонски броеви и дека се дел од „психолошката војна“ на Израел против Либан.

Овие воздушни напади доаѓаат откако минатата недела беше извршен застрашувачки напад во Либан, во кој истовремено експлодираа илјадници електронски уреди кои воглавно припаѓале на членови на Хезболах. Најмалку 3.000 лица се здобија со тешки повреди (вклучувајќи ампутации на раце и прсти, како и отстранување на очи), и најмалку 37 лица загинаа, меѓу кои и деца. Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Турк рече дека нападот го прекршува меѓународното право, бидејќи не можело да се осигури дека нападот нема да резултира со сериозни цивилни штети.

Израел сè уште официјално го нема коментирано нападот, но неколку извори за Ројтерс и други новински агенции тврдат дека Израел стои зад нападот.

Дополнително, Израел изврши воздушен напад во Либан, во кој биле убиени 45 лица. Либан возврати со напади со ракети во Израел, а Израел возврати на тие напади со уште напади со ракети врз Либан.

ИДФ вели дека при сегашната стратегија напаѓаат лансери за ракети на Либан, со цел да се ослаби воената способност на Хезболах.

Тони Лазов освои сребрен медал на Шаховската олимпијада во Будимпешта

Тони Лазов освои сребрен медал за Северна Македонија на втората табла на 45. Шаховска oлимпијада во Будимпешта, како претставник на Шаховскиот клуб Алкалоид. Лазов, кој е актуелен шаховски шампион во...