fbpx

Изложба на академик Чемерски во „Куќата на Уранија“ во Охрид

-

Претходно одложената изложба на академик Глигор Чемерски, ќе биде отворена вечерва во “Куќата на Уранија” во Охрид, во рамките на „Научно-уметничката визита” на МАНУ.

Изложбата, насловена „Tempi non passati“ ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ.

Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони, тој е сликар, графичар и мозаичар. Во 1962 година, првпат самостојно изложува во Скопје, по што следуваат индивидуални изложби во Охрид, Струмица, Кавадарци, Белград, Загреб, Будва, Александрија, Париз, Хаг, Вашингтон, Вилмингтон и уште во многу други градови.

За редовен член на МАНУ е избран на 4-ти јуни 2012 година.

Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на неговото творештво.

Академик Глигор Чемерски имаше изложба во Охрид во 2012 година.

Вчерашната поставка ќе биде во рамки на Научната уметничка визита што ја организира Македонската академија на науките и уметностите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...