fbpx

Иванов во Брисел даде предлози за намалување на безбедносните ризици околу мигрантите

-

Опрема за регистрација на мигранти преку скенирање, проверка на нивните документи и утврдување на потеклото од која држава се, опрема за надзор на државната граница за спречување илегални премини и одбегнување регистрација, присуство на полициски службеници од земјите-членки на Унијата во обезбедување на државната граници на Македонија, како и распоредување на мисија на Фронтекс на заедничката граница со Грција, се четирите барања што претседателот Ѓорге Иванов ги предложи на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, еврокомесарот Јоханес Хан, српскиот претседателот Томислав Николиќ и со претставници на мисијата на Фронтекс, што се одржа во Брисел, објави „Алфа ТВ“.

– Особено инсистиравме на тоа дека во последно време имаме една нова реалност. Кога почнавме да ги контролираме тие што влегуваат на наша територија, бидејќи имаме ограничувања да ги пропуштаме само бегалците, а не и илегалната миграција, имаме нова состојба во поглед на безбедносниот аспект и безбедносни закани за нашата земја и тоа се однесува и на ЕУ. Пред сè, имаме голем наплив на фалсификувани документи, имаме луѓе со лажни идентитети кои се обидуваат статусот на мигрант да го заменат со статус на бегалец. Тешко може да се провери од каде доаѓаат тие луѓе бидејќи имаат само исказ и не можеме да им земеме биометриски податоци – изјави Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...