fbpx

Иванов ќе го потпише законот за јазиците само ако е во согласност со Уставот

-

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се произнесе за законот за јазиците откако ќе го добие текстот на законот.

– Со внимание ја следам расправата за законот за јазиците, но нацрт-текстот сè уште не пристигнал кај мене, во кабинетот. Кога ќе пристигне и кога ќе го видам, ќе се произнесам за него. Законот мора да биде во согласност со Уставот и со националните интереси – рече Иванов на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Илир Мета.

На денешната средба, Иванов и Мета разговарале за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој, како што бил информиран македонскиот претседател, имал нарушено здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...