fbpx

Истражување: Само 20 отсто од испитаниците сметаат дека АВМУ и АЕК се независни од политиката и бизнисот

-

Само 20 проценти од од граѓаните сметат дека Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се независни од бизнис и политика, покажува истражувањето на јавното мислење поврзано со АЕК и АВМУ како и за задоволството на граѓаните од услугите и цените на мобилната телефонија, спроведено од  „Евротинк“ – Центар за европски стратегии.

Според Гордан Лазаров од „Евротинк“ перцепцијата на граѓаните за транспарентноста и професионалноста кај АВМУ бележи мал пораст, а што се однесува до Агенцијата за електронски комуникации таму стагнираат. Но довербата кај двете агенции, според Лазаров, бележи загрижувачки скоро двојно опаѓачки тренд.

Резултатите од анкетата покажуваат дека граѓаните не се запознаени со регулаторните тела, не веруваат во институциите, од испитаниците, луѓето со поголемо образование ги познаваат овие агенции, но и тие што чуле за овие агенции не знаат со што точно се занимаваат.

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека на раководните функции на двете агенции се поставуваат само личности кои се блиски до одредена политичка партија.

– Сериозен е падот за околу 50 отсто од граѓаните во споредба со лани во поглед на тоа како гледаат граѓаните на независноста на агенцијата од партиските и владините центри. Дури над 50 отсто сметаат дека АВМУ има надлежност да ги заштити корисниците на мобилната технологија – појасни Лазаров.

Што се однесува до цените на услугите на мобилната телефонија и интернетот корисниците, околу 50 отсто се задоволни од цените, околу 50 отсто не се задоволни.Најголемо е незадоволството кај граѓаните од руралните средини.

Анкетата е спроведена од „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншки комитет за човекови права од 16 февруари до 7 март годинава со репрезентативен примерок од над 1 200 испитаници. 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...