fbpx

Индустриските потрошувачи во Прилеп ќе може да се приклучат на гас кон крајот на 2020

-

Општина Прилеп склучи договор со компаниите „Простор“ ДОО Куманово и „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“, Скопје за изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа.

Од Општина Прилеп за „Мета“ велат дека во тек се изработката на идејниот проект за дистрибутивна мрежа и проектот за инфраструктура кои треба да завршат кон крајот на ноември. До тој рок треба да има и одобрување од страна на надлежна комисија и ревизија на проектот за инфраструктура.

„Изработувањето на основен проект е три месеци, што би значело дека, заедно со ревизија и дозвола за градба би требало да заврши некаде во март 2020. Следна фаза е спроведување на тендер за изведба на дистрибутивната гасоводна мрежа“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека кон крајот на 2020 година би можело да се очекува приклучување на дел од индустриските потрошувачи.

„Ова би се остварило доколку добивањето на потребните лиценци за дистрибуција се обезбедат по планираната динамика. Истовремено ќе бидеме во координација и со стопанскиот сектор и институциите (школи, градинки и сл) за навремено прилагодување на нивните котлари што подразбира набавка на нови горилници, гасни рампи, регулатори на притисок, филтри за гас итн“, објаснуваат од Општината.

Пречки во изградбата на гасоводот со кои Општината може да се соочи се места каде што треба да се врши експропријација на земјиште, подземна инфраструктура, дозволи од Јавно претпријатие за државни патишта за деловите надвор од градот.

„Колку попрецизни информации имаме за подземната инфраструктура, толку побрзо би завршиле со реализацијата“, додаваат од Општина Прилеп, која, за гасификацијата за оваа година во буџетот предвидела пет милиони денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...