Играта Undawn со Вил Смит испадна пропадната инвестиција

Играта имала буџет од 140 милиони долари, а заработила само 287.000 долари

Играта Undawn, каде играчот треба да ја преживее зомби апокалипса, која се прослави со тоа што Вил Смит глуми во неа, испадна тотално промашување. Иако имаше 2 милиони пред-регистрации за играта, таа заработи само 287.000 долари, додека буџетот за развивање на играта чинеше дури 140 милиони долари, за кои се шпекулира дека голем дел биле потрошени за Вил Смит. На играта работеле преку 300 девелопери и кинеската компанија „Тенсент“ по ова фијаско реши да ја смени својата насока и да развива игри во RPG стил или игри слични на Genshin Impact. Трејлерот за Undawn може да го видите овде:

Компанијата „Тенсент“ најверојатно сакале да ја искористат популарноста на зомби игрите со тоа што ќе го викнат Вил Смит, кој е соодветен за улогата токму поради неговата претходна улога во филмот „I Аm Legend“, кој исто така е пост-апокалиптичен филм со чудовишта.

Што се однесува до самата игра, таа навистина не изгледа ветувачко. Изгледа како постара игра и имплементира неинвентивни моменти до тој степен што „позајмува“ цели обрасци од други игри, што пак ја прави да изгледа генеричко. Самиот гејмплеј е потпросечен, како што може да се види овде:

Играта може да се испроба на платформата Steam, каде моментално е бесплатна.