fbpx

Хотелот „Дрим“ на гостите им приреди ручек со лебедите на езерската плажа

-

Охрид и Струга се полни со новогодишни славеници, додека домаќините се трудат да им приредат незаборавни доживувања.

Менаџментот и персоналот на хотелот „Дрим“ во Струга и годинава на првиот ден од Новата година, за гостите ја организираа традиционалната манифестација „Ручек со лебедите“.

Дружбата со музика и со традиционална македонска храна, заедно со сончевото, иако не многу топло време, ги изнесоа најголемиот број од гостите од собите.

На отворено, на плажата пред хотелот, гостите уживаа во специјалитетите, амбиентот и во содржината на оваа уникатната идеја.

Менаџерот и сопственик на хотелот, Крсте Блажески, за „Мета“ појасни дека на овој начин сакале да понудат нешто ново во туризмот.

– Со ова симболично го одбележавме почетокот на Новата година. Хотелот годинава беше исполнет до последно место. Најмногу гости имаме од Бугарија, кои се застапени со повеќе од 70 проценти, потоа од Србија, помалку од Албанија, како и мал дел од нашата земја – вели Блажески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...