fbpx

Хојт Ји: Избран е претседател на Собранието, лидерите да расправаат во парламентот

-

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на САД, Хојт Брајан Ји, во својата изјава по дводневните средби во Скопје, го осуди насилството во Собранието и порача дека е избран нов претседател на парламентот. За него нема дилеми околу тоа и собраниското мнозинство има одговорност да формира нова влада, но истовремено порача дека за сите дилеми политичките лидери треба да расправаат во Собранието.

Хојт Брајан Ли рече дека „има впечаток“ дека сите политички лидери се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека треба да ја преземат одговорноста за смирување на ситуацијата и за преселување на дебатата во законодавниот дом.

„Особено сме загрижени поради насилните и кукавички напади откако парламентарното мнозинство го избра новиот парламентарен спикер. Многу е важно политичките лидери да најдат начин да ѝ стават крај на кризата во земјата. Многу е важно лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да предложи влада и владина програма“, рече Ји.

Во изјавата за медиумите по вчерашните и денешните средби со политичките лидери во Македонија, Хојт Ји рече дека имал конструктивни разговори на кои го пренел интересот на САД за стабилност во регионот на Западен Балкан и ги поддржа легитимните барања на граѓаните за стабилна и просперитетна иднина на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...