fbpx

Груевски: Начинот на кој СДС се обиде да избере претседател на Собранието е незаконски

-

„Сакам да го осудам насилството што поединци го направија напаѓајќи и лично повредувајќи поголем број пратеници“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по одржувањето на состанокот на извршниот комитет на партијата синоќа по полноќ, по неговото враќање од Виена.

Тој смета дека начинот на кој СДСМ и другите партии се обидоа да изберат претседател на Собранието е целосно незаконски, противуставен и надвор од правилата на деловникот за работа на парламентот.

„Го осудувам начинот на кој СДС и другите партии што го поддржуваат, одлучија денеска да направат обид незаконски да изберат претседател на Собранието, еклатантно кршејќи ги сите демократски и законски процедури, со што до крајна мера и свесно придонесоа за зголемување на тензиите и за поларизацијата во нашето општество“, изјави Груевски.

Тој повика да се прифати иницијативата на претседателот Ѓорге Иванов за средба на партиските лидери денеска, за, како што вели, наоѓање на институционално решение по мирен пат, без дополнителни штети за државата и за нејзините граѓани.

Груевски ги повика институциите „да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците и да обезбедат докази, а веднаш потоа да ги изведат пред суд тие што им нанесоа повреди на пратениците, граѓаните и на полицајците“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека во наредните денови партијата ќе ги објави своите следни чекори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...