fbpx

Груби: Блиску сме до договор, но потребна е храброст од партиите

-

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, се сретна со новоименуваната австриска амбасадорка во Скопје, Ренате Коблер, со која разговарал за актуелната политичка ситуација во Македонија, случувањата кон спроведувањето на Договорот од Пржино и преговорите во работни групи и воопшто за интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.

„ДУИ ја смета дијаспората за многу важен дел и неразделна од нашето општество. Затоа се ангажира нашите граѓани во дијаспората да гласаат по пошта за постојните шест изборни единици во земјата. Другата опција останува еднаквоста на гласот во дијаспората како кај нас и ова треба да се гарантира во согласност со препораките на ОДИХР и на Венецијанската комисија“, се вели во соопштението од ДУИ.

Во врска со ДИК, Груби истакнал дека е постигнат квалитативен пораст на албанската застапеност со повеќе од 33 отсто и дека моментално се развива интензивна дебата во врска со начинот на консензуално донесување одлуки за да се избегне надгласување по етничка основа. Груби рекол дека заедниците ќе имаат механизми за спречување мајоризација во ДИК.

„Што се однесува на регистарот на гласачите, ризикот од отуѓување на десетици илјади граѓани преку активна регистрација на гласачите е избегнат и правото на глас нема да му се одзема на ниту еден граѓанин, но списокот ќе биде исчистен со административни методи и со теренски проверки. Додека меѓународниот и локалниот надзор, како и пристапот до сите документи во постапката за решавање жалби од Управниот суд е загарантирана со закон“, велат од ДУИ.

Груби нагласил дека страните се блиску до договор, но дека треба храброст и одлучност од македонските политички партии за да изградат еднаков и сигурен систем за секого.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...