fbpx

Град Скопје е подготвен да се справи со невремето

-

Штабот за заштита и за спасување на Град Скопје денеска изведе техничко-показна вежба, на кејот на реката Вардар, кај паркот во Аеродром, на која беа демонстрирани техники за справување со последиците од влошени временски услови во градска средина.

Градот Скопје денеска соопшти дека заедно со штабот за заштита и спасување се подготвени да се справат со

невремето што се најавува дека ќе ја зафати територијата на нашата земја во наредните денови.

Во соопштението се наведува дека, според препораките од Владата на Република Македонија, веќе се мобилизирани екипи од сите јавни градски претпријатија, од ЈП „Водовод и канализација“, од ЈП „Улици и патишта“, од ЈП „Комунална хигиена“, од ЈСП, од ЈП „Градски паркинг“ и од ЈП „Паркови и зеленило“, кои во соработка со екипите од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и со СВР Скопје уште во првите моменти од најавените интензивни врнежи од дожд ќе излезат на терен и нема да дозволат невремето зад себе да остави штети.

Од Град Скопје соопштуваат дека штабот за заштита и за спасување на Град Скопје располага со соодветни материјално-технички средства и механизација, 50.000 вреќи со песок, камиони, багери, цистерни, пумпи за извлекување вода, чамци за спасување и друга опрема. Доколку состојбата на терен се влоши и ги надмине постојните капацитети, ќе се вклучи и дополнителна механизација.

Екипи на Град Скопје ќе дежураат на сите мостови по текот на реката Вардар и на притоките, ќе го следат водостојот и ќе информираат доколку се јави опасност од големи наноси. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, пак, ја проверуваат, чистат и обележуваат целата атмосферска и канализациска мрежа што е во надлежност на Град Скопје.

Градот Скопје редовно ќе ги информира граѓаните за состојбата на терен и за евентуалните проблеми во одвивањето на сообраќајот или застој во автобуските линии.

Граѓаните на кои им е потребна помош поради евентуалните влошени временски услови, можат да се јават на дежурниот, 24 часа достапен и бесплатен телефонски број 195 и да побараат помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...