Голем број можности отворени во „World of Warcraft“ со најновото ажурирање пред експанзијата

Достигнувањата, заедничката банка за сите ликови што ги имате на акаунтот, префрлањето секакви други валути и поени од лик на лик, како и системот за летање од левел 15 нагоре, ви нудат многу повеќе уживање во играта и многу помалку рестрикции

WoW Warband скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Само што излезе додатокот на играта што ја изменува и апдејтира (пре-пач) за експанзијата The War Within (Светот на воениот занает), која ќе излезе на 26 август. Многу карактеристики на играта се отвараат со новиот додаток „Warbands“. „Warbands“ ги обединува сите ликови на вашиот WoW (масовна мултиплеер онлајн игра објавена во 2004 година од „Близард ентертејнмент“) акаунт во функционална група. Повеќето работи како достигнувања (ачивменти), заедничка банка за сите ликови што ги имате на акаунтот, префрлање секакви други валути и поени од лик на лик, како и системот за летање од левел 15 нагоре, ви нудат многу повеќе уживање во играта и многу помалку рестрикции. Ова е трејлерот за додатокот на играта (пре-пачот):

Она што е најинтересно е што сите ваши избришани ликови, односно сите ликови кои било кога сте ги имале на акаунтот, сега се вратени во живот со „Warbands“ опцијата. Ова не се знае дали е грешка но, се PC Gamer извести дека се случува.  

За новата експанзија беше најавено дека нема да биде битно на кој сервер е ликот, за да може да членува во „Гилда“ на друг сервер. Исто така, повеќе не е важно дали сте „алијанса“ или „хорда“ за да играте со пријатели од иста страна, не само во „PvE“, туку и во „PvP“ битки.

Ликовите се на посебни сервери. Иако нема еден мегасервер, поради големиот пад на атрактивноста на играта (затоа што се плаќа и е скапа), направени се добри промени – долго време беше проблем за играч да членува во „гилда“ што нема да се распадне после некое време поради немање активни играчи. 

Една од најпозитивните карактеристики во „Warbands“ е тоа што можете да имате банка заедничка за сите ликови во која можете да префрлате злато. Тоа значи дека нема повеќе губење време на прелогирање на карактери, типкање на имиња со кодирани знаци во името, како и препраќање злато. Сега ќе можете само да го подигате златото од заедничката „Warband“ банка и толку. Во моментов опцијата со банката не функционира како што треба, односно има доста багови, но се очекува да биде поправена пред експанзијата. Целата опрема ќе можете да ја отклучите од сите ликови, како што беше и на почетокот кога се појави оваа опција. 

За летањето змејови, пегаси и други суштества и машини како комични роботи и хеликоптери, можете да бирате обично летање, како што си беше или пак, летачки стил со вештини како во Dragoflight

Исто така моментално во „WoW“ има и „World Boss“ евент каде што ги тепате духовите на Артас, Ониксија и Рагнарос за специфичен трансмог, опрема и екслузивни ајтеми што можат само сега да се земат. 

Ова е голем скок напред за „WoW“ затоа што почнаа драстично да применуваат работи што заедницата ги бараше од нив со години и притоа изненадувајќи со позитивни и креативни промени.