fbpx

Георгиески: Охрид никогаш повеќе нема да биде панаѓур, ќе се отстрануваат нелегалните тезги

-

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески посочи дека повеќе е недозволиво нелегално поставување на какви било реквизити низ чаршијата и пешачките зони.

Тој најави дека продажбата на храна, сувенири на несоодветни тезги и фрижидери нема да бидат охридски препознатлив орнамент и ова лето.

„Постапивме и за велигденските празници. На сите тие кои што поставуваат тезги и урбана опрема на несоодвени места сакам да им порачам дека толеранција за такво нешто ќе има нула. Градот повеќе никогаш нема да биде панаѓур“, рече Георгиески.

Општина Охрид ја носи новата програма за урбана опрема, а издаде и оглас за издавање на локации. Георгиески ги повика ориѓани да бидат совесни и да се придржуваат кон програмата, потенцирајќи дека оваа сезона за самовиолие и дивеење нема да има место.

„Дали градот ќе ни биде циркус зависи од совеста и од волјата на охриѓани, Охрид повеќе да не биде панаѓур. Зависи од нашите служби колку ќе успееме да се спротивставиме на самоволието и дивеењето на одредени лица кои узурпираат јавна површина, без да имаат дозвола за урбана опрема“, додаде Георгиески.

Просоторот на плоштадот „Долна Порта“, е предвиден за продажба на уметнички слики, додека на 18 локации предвидено е да се продаваат сувенири и тоа на клучните туристички локалитети Плаошник, Самоилова тврдина и Антички театар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...