ФСС-ФЕИТ организира едукативна работилница за машко здравје

Во понеделник, 27 ноември, Факултетското студенско собрание при ФЕИТ организира едукативна работилница на тема машко здравје во соработка со ХЕРА и Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет

Фото: ФСС-ФЕИТ

По повод ноември, месецот на машкото здравје, Факултетското студентско собрание при Факултет за електротехника и информациски технологии (ФСС-ФЕИТ) организира едукативна работилница на теми поврзани со машкото здравје. Настанот е организиран во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) и Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет (ФСС-МЕДФ).

Работилницата ќе се одржи во понеделник, 27 ноември, а пријавувањето е на овој линк.

Д-р Велимир Савески од Инфективната клиника и Весна Матевска од ХЕРА ќе зборуваат за важноста на грижата за сексуалното и репродуктивното здравје кај момчињата и мажите, за сексуално преносливите инфекции, како и за бесплатни и доверливи сервиси за советување и тестирање.

Студентите од ФСС-МЕДФ, пак, ќе зборуваат за машката неплодност, канцерот на тестиси и навиките за зачувување на репродуктивното здравје. Ќе зборуваат и за бесплатните консултации и спермограми за студентите на УКИМ, овозможени од Институтот за хистологија и ембриологија.

Од ФСС-ФЕИТ истакнуваат дека настанот ќе биде бесплатен и од отворен карактер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ФСС-ФЕИТ (@fssfeit)