Финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе биде исплатена на 12 јануари

-

Паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 јануари, информираше Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Списоците на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат објавени утре.

На интернет-страницата на МТСП ќе биде објавен списокот со корисници на правото на социјална сигурност на стари лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лцие со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и кои не користат право на надоместок поради попреченост, како и самохраните родители кои се едвидентирани корисници на гарантирана минимална помош. На интернет-страницата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе биде објавен списокот со корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

На веб-страницата на Агенцијата за вработување ќе биде објавен списокот со невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при МТСП во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците. Приговорот се поднесува преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или на електронската адреса [email protected].

Три дена од денот на објавување на списоците со корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, истите ќе бидат отстранети од интернет-страниците на институциите, информираа од МТСП.

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје,...