fbpx

Филипче: Hема како да се казнат административците кои не се вакцинираат, засега мерката не важи

-

Задолжителна вакцинација за здравствените работници и за јавната администрација, е нешто што засега нема да се спроведува, стигнавме до констатација дека тоа отвора сериозни прашања во однос на тоа како би се казнило тоа што некој не би се вакцинирал, рече во изјава за медиумите министерот за здравство Венко Филипче.

„Затоа ќе видиме сега каков ќе биде опфатот со вакцинација кој ќе оди преку матичните лекари. Тие се први кои се во контакт со пациентите. Сметам дека мерката со стимулација од 30 денари по пациент што ќе се вакцинира е добро димензионирана и добро замислена и сметам дека може да се спроведе. Лекарите треба да се свесни за тоа колку е важно да се зголеми опфатот со вакцинација“, рече министерот.

Тој кажа дека финансискиот надоместок е еднократен и ќе се даде на почетокот на летото врз основа на постигнатите резултати.

„Најголемиот број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, а просекот е околу 1.000 и тоа не е сума која треба да се занемари. Многу е битно да сфатат лекарите дека е ова битно за граѓаните, за државата и за здравствениот систем. Во некои градови тој процент од 70 е веќе постигнат“, рече тој.

Филипче додаде дека карантини во смисла на рестрикција на движење, сега во ситуација кога имаме близу 50 отсто опфат, не би требало да е опција.

„Битно е да се зголеми опфатот преку ваков тип на апели. Од друга страна, што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат финансискиот терет, а кои не сакаат да се вакцинираат. Истите тие компании ќе треба тие работници да ги отпуштат. Затоа треба да се апелира да се вакцинираат“, додаде тој.

Министерот информира дека се работи да се завршат ДНК анализите за патниците кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, по што ќе се организира транспортот на телата.

Информира дека Институтот за јавно здравје прави анализа во однос на важноста на хроничните болести и ковид, бидејќи голем број од смртноста се должи на хроничните болести. Кажа дека ќе се испитува таа ситуација и врз основа на тоа, и реперкусиите од ковидот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...