fbpx

ЕУ ќе се бори против „руските дезинформации“

-

Дваесет и осумте земји-членки на ЕУ заеднички одлучија да ѝ се спротивстават на „руската дезинформација“, изјави на прес-конференција претседателот на европскиот совет, Доналд Туск.
Сè уште не е познато во која форма тоа ќе се прави, иако најчесто спомнувана опција е отворање нов европски телевизиски канал на руски јазик, кој ќе се емитува во Русија и ќе ја кажува „фактичката состојба“.
Лидерите ѝ дадоа задача на високата претставничка за надворешни работи, Федерика Могерини, до јуни да изработи „стратегиска комуникација за поддршка на слободата на медиумите“.
Дипломатите велат дека првично во заклучоците на Самитот се користел зборот „пропаганда“, но некои земји-членки се спротиставале на овој термин.
На вчерашниот самит, исто така, е одлучено економските санкции против Русија да бидат поврзани со целосна имплементација на договорот „Минск 2“, кој привршува на крајот на 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...