fbpx

ЕСМ обезбеди електронско плаќање на сметките за парно за скопјани

-

По двомесечната пауза, скопјани повторно ќе можат да ги плаќаат по електронски пат месечните сметки за парно греење. ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет-страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

„Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на ЕСМ Снабдување секогаш да им излегува во пресрет на барањата и потребите на потрошувачите. Фактурите за топлинска енергија потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на нашата веб страната“, стои во соопштението на ЕСМ Снабдување.

Граѓаните имаат две веб услуги на располагање, и тоа: опцијата „БРЗО ПЛАЌАЊЕ“ како нова веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил. Втората опција е „EsmEPay услугата” како нова веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти.

Платформата овозможува преглед, филтрирање и плаќање на сите доспеани фактури за повеќе имоти како и внес на состојба на мерилото за индивидуални објекти. Новата интернет-страница обезбедува и можност за преземање на “Формулар за е-фактура” и “Договор за снабдување со топлинска енергија”, како и информации за локациите и работното време на Пунктовите за потрошувачите на ЕСМ Снабдување, Центарот за грижа на потрошувачи, начини на достава на фактури и нивно плаќање и известувања и соопштенија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...