fbpx

ДЗР: Претпријатието за одржување на патиштата е во минус 44,5 милиони евра, сметката е блокирана 12 години

Долговите на јавното прерпријатие се зголемиле повеќе од двојно од 2018 до 2022 година, односно од 479 милиони денари на 965 милиони денари

-

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, 12 години континуирано функционира со сметка која е блокирана со извршни решенија за наплата на неизмирени обврски, а загубите во работењето го доведоа претпријатието во минус од дури 44,5 милиони евра, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Средства, обврски и капитал во периодот од 2018 до 2022 година. Фото: Принт скрин од извештајот на ревизорите

Во него е наведено дека финансиските извештаи се одговорност на в.д. директорот Костадин Ацевски, кој функцијата ја извршувал од 30 декември 2021 година.

„ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта 12 години континуирано, односно од 2012 година до денот на известување за спроведената ревизија функционира со сметка која е блокирана со извршни решенија за наплата на неизмирени обврски. Ревизијата утврди дека на ден 31 декември 2022 година ЈП искажува негативен капитал во износ од 730 милиони денари (44,5 милиони евра). Наведената состојба се должи на континуирано остварување негативен финансиски резултат односно загуби од работењето“, наведено е во извештајтот.

Обврските кон добавувачи во 2018 година се во вкупен износ над 479 милиони денари, а во 2022 година се во износ од 965 милиони денари, односно бележат тренд на зголемување.

„Постои неусогласеност на обврските по извршни решенија евидентирани во сметководствената евиденција на јавното претпријатие и податоците за истите согласно евиденцијата на носителот на платниот промет. Во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистарне е извршен упис на основната главнина на претпријатието како основачки влог и не се забележани подружниците на јавното претпријатие. Утврдивме слабости во воспоставената евиденција кај залихата на суровини, материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и автогуми, начинот на прием, издавање, чување и мерење на горивото, како и во условите за складирање и чување на залихата на сол кај дел од подружниците“, напишале ревизорите во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поплави во Бангладеш: Осум загинати и над 2 милиони загрозени

Бројот на загинати во поплавите во Бангладеш оваа недела се искачи на осум, а повеќе од два милиони жители ги осетија последиците обилните дождови, кои предизвикаа излевање на реките...