fbpx

Доналд Трамп повикан да сведочи за неговата улога во немирите во САД од 6 јануари минатата година

-

Комисијата на Претставничкиот дом која ги истражува немирите што се случија на 6 јануари 2021 година во Капитол во САД му издала покана за сведочење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, јавија медиумите во САД.

Комитетот, кој оваа одлука ја донел едногласно, бара сведочење под заклетва од Трамп, чии поддржувачи упаднаа во Капитол додека Конгресот беше состанат за да ја потврди изборната победа на претседателот Џо Бајден.

Во писмото до поранешниот претседател, претставниците на комисијата ја истакнале „централната улога“ на Трамп во напорите да се поништи неговата загуба на изборите во 2020 година со цел тој да остане на власт.

„Признаваме дека поканата за поранешен претседател е значајна и историска акција. Не ја сфаќаме оваа акација лесно“, напишале челниците на комитетот во писмото упатено до Доналд Трамп, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Тие укажале и на фактот дека досега седум претседатели сведочеле пред Конгресот по напуштањето на функцијата, а двајца додека служеле во Белата куќа.

Во писмото на Комитетот, Трамп е обвинет дека злонамерно давал лажни наводи за изборна измама, се обидел да го корумпира Министерството за правда за да ги поддржи таквите тврдења и дека вршел притисок врз државните службеници да ги променат изборните резултати.

Според поканата, Трамп треба да сведочи на 14 ноември, по делумните парламентарни избори среде мандатот на претседателот на САД.

Покрај тоа, комитетот од поранешниот претседател бара до 4 ноември да достави и записи кои вклучуваат документација за телефонски повици, текстуални пораки, комуникации преку апликацијата „Сигнал“, како и фотографии, видеа и рачно напишани белешки кои се релевантни за истрагата.

Бараните записи вклучуваат комуникација од 13 негови соработници и колеги кои ја негирале победата на Бајден, меѓу кои се и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијами, републиканецот Роџер Стоун и поранешниот помошник во Белата куќа, Стив Бенон. Бенон вчера беше осуден на казна затвор од четири месеци затоа што одбил да ја испочитува поканата од истиот комитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...