вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: сведочење | 42 резултати

Во Кривичниот суд денеска сведочеше мајката на Вања Ѓорчевска

14 октомври 2024

Во скопскиот Кривичен суд денеска Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека таткото на девојчето Александар Ѓорчевски, од првиот момент тврдел дека неговата ќерка е киднапирана, со образложение дека „немало што друго да е во прашање“. „Не ме обвинуваше мене за ништо. Со пријател гледаа камери во едната соба. Јас бев со едни […]

Битиќи, Бочварски и Макрадули сведочеа за Зекири: Пошта треба да има 56 вработени, а се над 250

27 април 2023

На предлог на одбраната вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули, денеска сведочеа во судскиот процес во кој поранешниот секретар на Владата на Северна Македонија, Мухамед Зекири е обвинет дека без постапка за јавна набавка склучил договори за консултантски […]

Доналд Трамп повикан да сведочи за неговата улога во немирите во САД од 6 јануари минатата година

22 октомври 2022

Комисијата на Претставничкиот дом која ги истражува немирите што се случија на 6 јануари 2021 година во Капитол во САД му издала покана за сведочење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, јавија медиумите во САД. Комитетот, кој оваа одлука ја донел едногласно, бара сведочење под заклетва од Трамп, чии поддржувачи упаднаа во Капитол додека Конгресот […]

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

10 декември 2021

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци – секретарката на бизнисменот Александар Ивановски – Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во […]

Иванов за насилствата на 27 април: Небулоза и дел од сценарио е дека сум сакал да прогласам воена состојба

11 февруари 2021

Информациите дека на 27 април 2017 година планирал да прогласи воена состојба, поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов на денешното сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека се небулози и дека оваа теза е за негова дискредитација, пишува порталот 360 степени. „Сѐ што е поврзано со воена состојба произлезе од текст објавен во […]

Јанкулоска и Мијалков денеска сведочеа во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушкување

18 јануари 2021

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков денеска сведочеа на судското рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Јанкулоска денеска во Кривичниот суд-Скопје изјави дека не знаела оти ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушкување, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисијата […]

Јанкулоска нападите во Собранието ги гледала на телевизија, тврди ВМРО-ДПМНЕ не е организатор

11 јануари 2021

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за нападот во Собранието, којшто се случи на 27 април 2017 година. Таа во исказот пред судот изјавила дека дента кога се случиле нападите, била во партиското седиште до 17 часот и потоа заминала дома, од каде што на телевизија го следела нападот во Собранието. Јанкулоска […]

Русковска: Oдбраната не успеа да докаже дека Василевски не бил во седиштето на партијата на „27 април“

22 декември 2020

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за обвинетите за организирање на нападите во Собранието на 27 април. Обвинителката Вилма Русковска смета дека одбраната не успеала да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија. „Ако се погледат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа, на тој ден, ќе се види дека […]

Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се случат проблеми

13 ноември 2020

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи […]

Рустеми: Не почувствував закана или влијание од Јанева што да кажам на распитот

16 август 2019

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој денеска сведочеше пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за истрагата за „Рекет“ не даде детали за исказот, туку потенцираше дека немало обид да се влијае врз него. – Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам […]

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

15 август 2019

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител. Одложувањето е поради […]

Бошкоски: При апсењето, од полицајците слушнав „ова ти е поздрав од шефот“

3 септември 2018

Mногу ми е жал што се случи таков настан, настан што сакам да го избришам од мојата меморија, но еве со денешново судење ми се враќа како нова епизода од мојот живот, рече Љубе Бошкоски на денешното рочиште во Кривичниот суд, на кое се сослушува во својство на сведок. Одговарајќи на прашање од обвинителот на СЈО, […]

Со сведочење на Љубе Бошкоски, денеска продолжува судењето за „Тортура“

3 септември 2018

Судењето за предметот „Тортура“ на СЈО продолжува денеска со сведочење на оштетениот Љубе Бошкоски. Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Сашо Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки […]

Загрозениот сведок во „Монструм“ кажа дека видел четири тела кај Смилковско езеро

24 август 2018

Во Кривичниот суд за време на сослушувањето на загрозениот сведок од предметот „Монструм“, тој кажа дека на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро видел четири тела. Претходно адвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер […]

Продолжува сведочењето на загрозениот сведок во „Монструм“

24 август 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со сведочење на загрозениот сведок продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, претходното рочиште го прекина поради замореност на загрозениот сведок, по неговото сослушување од страна на СЈО и […]

Азири, обвинетиот во „Монструм“ тврди дека бил тепан за да го признае делото

23 мај 2018

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири, кој првично бил загрозен сведок, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 раскажа како на први мај 2012 година бил брутално апсен, тепан, плашен, носен по полициски станици низ Македонија, но и во МВР, присилуван да признае дека помогнал тероризам, поради што и на крајот пред истражен судија дал […]

Зекири во судница препозна двајца напаѓачи на Села, кои барале „албанска крв“

16 април 2018

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во сведочењето во Основен суд Скопје 1 за обидот за убиство на Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, рече дека во обвинетите препознал двајца што го извлекле Села од групата пратеници.  Друг сведок пак рече дека од насилниците се слушало дека бараат „албанска крв“. […]

Навремената лекарска помош го спасила Села од смрт, судењето продолжува на 19 март

20 февруари 2018

Навремената медицинска помош го спасила лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села од смрт на 27 април, минатата година кога беше нападнат во Собранието, рече доктор Здравко Чакар, кој заедно со уште двајца колеги од Институтот за судска медицина сведочеше на денешното рочиште од судскиот процес против десетмината обвинети за обид за убиство […]

Села: Од Собранието ме извлекоа маскиран како полицаец

19 февруари 2018

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села на 27 април во прес-центарот во Собранието добил неколку удари во главата со монитор, со копје од знаме и со даска, слушајќи закани дека ќе биде убиен. Села денеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје на судењето во кое десет лица се обвинети за обид за […]

Почнува судењето на Талевска за „Тифани“, Села треба да сведочи за нападот од 27 април

19 февруари 2018

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани три рочишта од судските процеси по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи и судењето на напаѓачите на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште против напаѓачите на […]

Страна 1 од 2