Архивска фотографија од претходно рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ | Фото: Арбнора Мемети

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за нападот во Собранието, којшто се случи на 27 април 2017 година.

Таа во исказот пред судот изјавила дека дента кога се случиле нападите, била во партиското седиште до 17 часот и потоа заминала дома, од каде што на телевизија го следела нападот во Собранието.

Јанкулоска во сведочењето исто така изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не билo организатор, а партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите. Негираше дека присуствувала на седницитe, на кои органите на партијата носеле одлуки за протестите.

На денешното рочиште беа повикани 17 сведоци, помеѓу кои и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека им помагал на повредените во Собранието.

Јанкулоска по сведочењето беше спроведена од КПУ Идризово, каде што издржува казна затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“.