fbpx

ДОМ бара и малите партии да бидат вклучени во имплементацијата на Договорот од Пржино

-

Партијата Демократска обнова на Македонија го поздрави договорот за решавање на политичката криза во Македонија, но смета дека за негова успешна имплементација, е потребна транспарентност и вклучување на повеќе партии, невладини организации и на пошироката демократска јавност.

„Доколку се остави за суштинските прашања во земјата да одлучуваат само двапати по две партии, ќе се даде легитимитет на бипартиски и на бинационален принцип, кој е и дел од причините за кризата, што ќе предизвика уште поголема поделеност на македонското општество“, сметаат од партијата.

ДОМ упатила осум конкретни барања до работната група за преговори, во делот на демократијата, човековите права и слободи, правната држава, екологијата и одржливиот развој.

Партијата бара да се вклучат и други партии заради промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, итно да сопре неовластеното прислушување, а УБК и МВР да се стават под парламентарна контрола, итна ревизија на сите судски процеси за кои има индиции дека биле монтирани, темелно да се испита содржината на „бомбите“, да се спречи еколошка криза, која е поврзана со проблемите во владеењето на правото, до изборите да сопрат редица негативни процеси што ѝ штетат на животната средина, итно донесување закон за зеленило, да не се попречуваат позитивни економски текови, до изборите да се замрзнат плановите за изградба на контроверзни објекти за кои постои силно несогласување меѓу граѓаните и да се овозможи пристап до медиумите за сите политички и неполитички субјекти, кои покренуваат теми што ги засегаат граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...