До крајот на годинава ќе се акредитира државната лабораторија што го мери аерозагадувањето

-

Министерството за животна средина деновиве потпиша договор со Еуромак-контрол ДОО Скопје за подготовка на документација за започнување на процесот за акредитација на Централната лабораторија која постои во рамките на Министерството, а која досега не беше акредитирана за методи на испитување на квалитетот на воздухот.

Избраната фирма, има обврска во рок од пет месеци да ја изготви потребната документација за акредитирање на Централната лабораторија, по што ќе се аплицира во Институтот за акредитација на Македонија за акредитирање на методи за испитување на квалитетот на воздухот. Се очекува целиот процес на акредитација да заврши во рок од една година. Ова во интервју за „Мета.мк“  го најави и министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Откако ќе бидат акредитирани методите со кои работи, Централната лабораторија на МЖСПП ќе може да ги врши испитувањата на аерозагадувањето и контролата назагадувачите, а резултатите кои ќе бидат добиени од испитувањата на мострите земени од надлежните инспекции ќе се сметаат за релевантни во сите официјални постапки, што досега не беше случај.

„Мета.мк“ во повеќе наврати пишуваше за проблемот со акредитирањето на лабораторијата при МЖСПП, која повеќе децении не беше акредитирана, а инспекторите за животна средина ги носеа мострите на испитување во приватните лаборатории, кои ги имаа акредитирано методите за испитување на аерозагадувањето. Поради тоа што овие лаборатории честопати беа ангажирани и од самите компании, еколошките здруженија и стручната јавност укажуваа на можен судир на интереси и пристрасност во утврдувањето на фактичката состојба со мерењата на аерозагадувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...