fbpx

Директорите ја блокираат работата на училиштето „11 Октомври“

-

Државниот просветен инспекторат испратил тројца инспектори да ја проверат ситуацијата во основното училиште „11 Октомври“, каде в.д. директорот Васко Лазаревски ги поништува одлуките што ги носи разрешената директорка Даниела Костадинова. И двајцата тврдат дека се директори на училиштето.

– Се случува невиден атак на институциите врз училиштето „11 Октомври“. Тројца инспектори од Државен просветен инспекторат беа цел ден во училиштето, ќе бидат и во текот на утрешниот ден и ги претресуваат сите документи. Но, и тие констатираа дека решението за моето назначување за в.д. директор е валидно. Централен регистар направи невиден преседен со тоа што ми го одзеде потписот. Разрешената директорка Даниела Костадинова ги злоупотребува училишните печати и ги искористи да ми го блокира службениот телефон. Сите институции се трудат насила да ја инсталираат како директорка. Таа дава наредби до наставниците, а јас ѝ ги поништувам. И тие се збунети, но, за среќа, ја разбираат ситуацијата и одговорно си ја вршат работата и тврдам дека наставниот процес се одвива во најдобар ред. Со Костадинова немаме проблем со комуникацијата, но зад грб ми прави опструкции – вели Лазревски.

Разрешената директорка не сакаше да даде изјава за состојбата во училиштето и рече дека ќе ги повика медиумите кога ќе има што да каже.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска рече дека Данила Костадинова е легитимен директор и дека по барање на одборот ја поставил неа затоа што на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, му поминал периодот за избирање нов директор на училиштето.

– Училишниот одбор имаше донесено одлука за избор на директор бидејќи рокот во кој е предвидено дека градоначалникот може да врши избор на еден од кандидатите не беше испочитуван, училишниот одбор се обрати до министерстовото и јас, како надлежен, именував директор. Засега тој е легитимен директор на училиштето – рече Адеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...