Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, заедно со посредникот Метју Нимиц, на 25 април (среда попладне) во Виена, информираат од МНР.
Минатата недела, Коѕиас во интервју за грчкото радио „24/7“, во однос на разговорите и точките за кои се преговара, рече дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја, државјанин на името за кое што ќе постои договор“.