fbpx

Димитров одделно ќе го информира државниот врв и партиите за преговорите за името

-

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за текот на преговорите.

Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена, ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја информираа јавноста дека нема да има лидерска средба, ниту каква било друга средба поврзана со информација околу текот на разговорите за проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

„Ширењето на дезинформации во јавноста на ваква тема е крајно несериозно и има за цел да ја дефокусира јавноста од вистинските прашања за сметка на некакви средби“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во петокот во Виена Димитров имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас и со медијаторот Метју Нимиц. Македонија и Грција разменија нацрт- спогодби што треба да бидат преточени од посредникот Нимиц во една, во рамките на резолуциите 817 и 845, од привремената спогодба меѓу двете држави.

„Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави“, објави Димитров на „Твитер“ по демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на промени на Уставот на средбата во Виена.

На 27. јануари годинава во Клубот на пратениците, се одржа координативен состанок на државно- политичкиот врв во врска со разговорите за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...