fbpx

ДИК денеска најави заклучување на избирачкиот список

-

Државната изборна комисија денеска закажа седница на која треба да го заклучи избирачкиот список и да го усвои изгледот на избирачкото ливче.

Покрај овие точки, според дневниот ред, на седницата на ДИК ќе се одлучува и за тоа како ќе гласаат лицата кои се во куќен притвор и лицата кои се членови на избирачките одбори што го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно во конзуларните канцеларии.

Исто така, ДИК на денешната седница треба да донесе заклучок за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...