fbpx

Наумов бара усогласување на задолжувањата од ДХВ со буџетот на РМ

-

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, бара итно усогласување на издавањето државни хартии од вредност со буџетот на РМ.

Тој бара свикување на итна седница на Владата за усогласување на максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност (ДХВ) за тековната година, кој е утврден со одлука на Владата на РМ, со буџетот за 2016 година.

– Со актуелната одлука на Владата од 29 декмеври 2015 година, максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност во 2016 година изнесува 10.455.000.000 денари и е во рамките на износот од 18.860.000.000 денари, утврден во првично изгласаниот буџет за 2016 година. Меѓутоа, со вториот ребаланс на буџетот усвоен од Собранието, износот од 18.860.000.000 денари е променет на 8.405.000.000 денари. Како последица на усвоениот ребаланс, одлуката на Владата е над законски утврдениот лимит. Владата на РМ била должна да ја усогласи одлуката за максимално задолжување во рамките на лимитот предвиден со ребалансот на буџетот – се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

Исто така, Наумов во писменото барање до министерот за финансии, Кирил Миноски, посочил дека реализираниот износ на домашно финансирање врз основа на државни хартии од вредност го има надминато износот предвиден со буџетот на РМ за 2016 година.

Заклучно со 18 ноември, домашното финансирање од државнихартии од вредност изнесува 9.435.000.000 денари и го надминува износот утврден со буџетот, односно 8.405.000.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...