fbpx

Деветстотини ученици медиумски описменети и обучени да препознаваат лажни вести

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии денеска ја одржаа завршната брифинг-средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој се спроведува со поддршка од Европската унија.

Во рамките на првата грантова шема на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ денеска беа презентирани проектите кои биле работени во периодот од октомври 2018 до март 2019 година.

Станува збор за спроведени шест проекти во шест плански региони од страна на граѓански организации кои беа во партнерство со медиуми.

Во рамките на реализираните активности биле продуцирани 45 мултимедијални содржни, 39 графички материјали, биле одржани 28 обуки и работилници, 12 јавни настани, биле изработени две студии и анализи.

На одржаните работилници биле обучени 405 лица, а обуките биле одржани во осум различни градови. На јавните настани имало 1099 вкупен број на присутни, 904 средношколци, 92 државни и локални институции, 51 медиумски работници и 38 претставници од граѓанскиот сектор.

Проектите главно биле насочени кон поттикнување на критичко размислување кај младите и нивно медиумско описменување, за што средношколците покажале посебен интерес како и вметнување на темата на поинтересен начин во нивната образовна програма.

Назим Рашиди го претстави проектот „Критичко размислување за активни граѓани“ кое го спровеле „Диверзити“ и телевизијата „Алсат-М“.

„Целта на проектот беше да се стимулира критичкото размислување кај младите. Одржавме обуки за медиумска писменост кај средношколци од Охрид, Струга, Кичево, како и обуки за млади новинари. Обуките беа за подлабока медиумска писменост, лажни вести, говор на омраза. Од обуките произлегоа видеа и интервјуа кои добро поминаа во емисиите на „Аласат-М“, рече Рашиди и додаде дека кај локалните медиуми има проблеми бидејќи нема контрола на големиот број на лажни вести кои произлегуваат од таму.

Убавка Јаневска која го спроведе проектот „Читај меѓу редови“ го оцени за успешен помеѓу средношколците од Велес и Кавадарци, бидејќи средношколците кои ја поминале обуката правеле едукација на учениците од основните училишта. Директорите на двете средни училишта кои учествувале во проектот, посакале темата за медиумска писменост да се издигне на повисоко ниво, за подобро запознавање на учениците со неа.

Новинарите од локалните медиуми кои дале поддршка на проектот и изјавиле дека и ним им требаат обуки за препознавање на лажни вести, бидејќи не се доволно едуцирани во таа насока.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...