fbpx

Денеска седници на пет собраниски комисии

-

Пет собраниски комисии денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија: за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, Законодавно-правната и Комисијата за транспорт, врски и за екологија.

Комисија за финансирање и буџет ќе дебатира за предлог-законите за изменување на Законот за даночна постапка, за дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити и за измените и дополнувањата на Законот за банките и на Законот за хартии од вредност, сите во прво читање.

Предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за Народен правобранител и на Законот за парнична постапка, двата во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисија за одбрана и за безбедност ќе расправаат за предлог-резилуцијата за миграциската политика на Република Македонија 2015 – 2020.

Комисија за транспорт, врски и за екологија, пак, ќе расправа за предлог-законот за градежно земиште во второ читање и за годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2015 година.

Собраниската Законодавно-правна комисија ќе се признесе по предлог-законот за градежно земјиште во второ читање, како и по законските решенија кои се во прво читање, а се на дневен ред на горенаведените собраниски комисии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...