fbpx

Денеска се прегласува во седум избирачки места, до 9 часот на гласање излегле 7,2 отсто гласачи

Во споредба со гласањето на 8 мај, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4 отсто на овие избирачки места

-

Во 7 часот утрово започна прегласувањето за парламентарните избори во вкупно седум избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и во Долнени. Прегласувањето може да влијае врз распределбата на пратеничките мандати.

Како што информираат во Државната изборна комисија (ДИК), до 9 часот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326, односно 7,22 отсто од гласачите. Во споредба со гласањето на 8 мај, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4 отсто на овие избирачки места.

„Во Желино гласале 101 гласач односно 10 отсто, во Крушево гласале 57 гласачи односно 12,15 отсто, во Охрид гласале 54 гласачи (7,59 отсто), а во Долнени 3,34 отсто. Во Струга на гласање излегле 56 гласачи“, информира ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Камерите кои треба да ловат сообраќајни прекршоци не се во функција

Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева...