Денеска прва средба на члeновите на ад хок телото за регулација на медиуми

-

Денеска во 14 часот, членовите на ад хок телото ќе ја имаат првата средба во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), дознава „Мета“.

Љубомир Костовски, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова ќе се сретнат со директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, додека Горан Трпеноски се уште е на годишен одмор. Сите пет члена треба да се комплетни до 23 август. Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и Законот за медиуми беа објавени во службен весник со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање.

Петиот член, кој ќе биде избран со консензус од останатите членови треба да биде Албанец.

Љубомир Костовски, член предложен од СДСМ, потврди дека ќе имаат прва средба и вели дека тешко ќе биде при изборот со петиот член.

– Горан Трпеноски се уште е на одмор и не сме се консултирале околу можниот кандидат за петти член на ад хок телото. Сепак, извесно е дека ќе биде тешко да се избере поради различните перцепции на гледиштето за медиумите – вели Костовски.

Цветин Чилиманов, член предложен од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, исто така ни потврди дека денеска ќе ја имаат првата средба.

– Денеска ќе имаме средба, па ќе видиме што понатаму. До 23 август треба да се избере и петиот член – вели Чилиманов.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски вели дека кога видел дека никој од кандидатите не дошол во Агенцијата, одлучил денеска да ги повика на прва средба. Тој исто така вели дека до 23 август треба ад хок телото комплетно да биде формирано.

Трајчевски вели дека во тек се подготовките на методологијата за следење на медиумите во предизборната трка која на 26 август треба да биде усвоена на седница на Агенцијата.

– Иако во изборниот законик пишува дека треба да се следат и порталите тоа е невозможно. Покрај тоа што има многу портали, дел од нив немаат ниту главен уредник, ниту директор. Така ќе треба едни портали да ги казнуваме, а другите не, затоа што не можеме да им го најдеме сопственикот, ниту уредникот. Затоа во методологијата ќе биде наведено дека порталите нема да ги следиме, туку само телевизиите – вели Трајчевски.

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка...