fbpx

Денеска попладе ќе врне дожд и снег

-

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и од снег со послаб интензитет, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 11 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 4 Целзиусови степени и дневна до 9 степени.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...