Демири го разреши директорот на Државна кардиохирургија, Марјан Шокаровски

Причина за разрешувањето е тоа што на Клиниката имало пациенти кои не биле регуларно внесени во системот Мој Термин и немале отпусно писмо или прилог кон умреница

-

Минисерот за здравство Илир Демири денеска го разреши директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски. Ова го сторил, како што објасни на прес-конференција, бидејќи на Клиниката имало пациенти кои не биле регуларно внесени во системот Мој Термин и немале отпусно писмо или прилог кон умреница.

„Имаше сомнежи дека е зголемна смртноста на оваа клиника. Јас оформив комисија да ги испита ваквите наоди. Според извештајот кој го добив, нема значајна зголемена смртност. Но, денес дознав еден податок според кој, 170 пациенти не се внесени регуларно во системот Мој Термин и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница. Затоа денеска одлучив да го разрешам директорот Марјан Шокаровски, а како втора причина за тоа се крајно нарушените меѓучовечки односи на клиниката, што е недозволиво. Ако продолжам да министерувам, таму директор треба да е некој експерт од навор“, рече Демири.

Тој потсети дека кај нас, уште од 2011 година, се одвојуваат пари за Програма за превенција од кардиоваскуларни заболувања, наменети за светски познати експерти кои се дел од кардио-браншата.

„Дневница за еден таков експерт, РСМ плаќа 700 евра. Побарав извештај од Александра Ефтимова, која ја води таа програма, но не го добив и поради тоа, таа, заедно со целата комисија, е разрешена. Не даваат извештај кои се тие светски експерти кои доаѓаат од Дедиње, и зошто во присуство на такви познати експерти и кога државата плаќа толку пари, зошто има таков исход и таква смртност. Се надевам дека ќе дојдам до тој извештај“, рече Демири.

Министерот во заминување кажа дека кога тој би одлучувал, за директор на Државна кардиохирургија би назначил некој од надвор, а не доктор кој веќе работи на Клиниката.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...