fbpx

Дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, затворен за сообраќај

-

Денеска и утре целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, заради изведување градежни активности.

Од Градот Скопје информираат дека автобусите што ја опслужуваат автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8 Септември, булевар Партизански одреди и по улицата Московска.

Автобусите од градските линии: 5 и 5А, во насока од Центар кон Ѓорче Петров, ќе бидат пренасочени преку булеварот 8 Септември, булеварот Партизански одреди, улицата Московска и продолжуваат по својата траса, по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...