На почетокот на 53. седница на Собранието е објавена едночасовна пауза на барање од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој реагираше на дополнувањето на дневниот ред со измени на Изборниот законик.

Данев рече дека веднаш откако еврокомесарот Јоханес Хан излегол од собраниската седница „била подметната измена на Изборниот законик“, што никогаш претходно во државава не се правело без консултација и согласност со опозицијата.

– Ова што го прави владејачкото мнозинство покажува каков демократски капацитет имаат. Во очи на формирање на ДИК, разгледување на Изборниот законик и на вака закажана седница на Собранието на РМ пред неколку дена, која беше закажана за денеска во 12 часот, во 12.38 доаѓа допис во кој се предлага промена или дополнување на дневниот ред и тоа ниту повеќе ниту помалку со измени на Изборниот закони. Никогаш во Македонија не се менувал и не се носел Изборен законик без консултации и поддршка од опозицијата – рече Данев.

Владата денеска до Собранието достави предлог измени на Изборниот законик во скратена постапка со кои предвидено е Државната изборната комисија наместо со двотретинско мнозинство да се бира со апсолутно мнозинство односно со 61 пратеник.