fbpx

Улицата Борис Трајковски неформално во Мебел-булевар

-

Претставниците на сите компании за мебел што се наоѓаат на поранешната улица Првомајска во општина Кисела Вода, која сега се нарекува булевар Борис Трајковски, бараат таа да се вика Мебел-булевар.

Идејата е да имаат симболично име на улицата што ќе ги преставува и преку заедничките акции и попусти ќе биде од полза за сите купувачи.

– Мебел-булевар е заедничка идеја за име што ќе го преставува тоа што веќе долго време е улицата за граѓаните и за нашите потрошувачи. Улица со многу салони и со продавници за мебел, кои нудат комплетни решенија за уредување на домот. Ова, исто така, докажува дека ние, компаниите, што се наоѓаме на оваа улица, работиме за потребите и за желбите на потрошувачите. Попустите се дополнителен стимул за сите заинтересирани да дојдат, да разгледаат и да си купат нешто ново по промотивна цена од Мебел-булевар – изјави Тони Божиновски, директор на компанијата „Технокооп“.

На булеварот Борис Трајковски претставништва имаат повеќе познати компании за мебел, како што се „Технокооп“, „Ото мебел маркет“, „Канапе“, „Карат“, „Кристина дамил“, „Мебел ви“, „Треска“ и „Мондиви“, а тие, сите заедно, се простираат на површина поголема од 20.000 квадратни метри.

Ваквиот тренд на именување на улиците според одредено значење, иако е нов кај нас, не е непознат во многу светски метрополи, кои ваквиот метод редовно го практикуваат.

Иницијаторите немаат поднесено никаква иницијатива за промена на името до Општина Кисела Вода, туку сакаат таа да стане препознатлива меѓу купувачите, по примерот на т.н. Пластичарска улица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...