fbpx

ЦУК: Граѓанин пали отпад во Скопје покрај напуштени и срушени објекти [видео]

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека утринава нема посериозни пожари, но дека во последното деноноќие пожарникарите гаселе повеќе пожари на отворено

-

До Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава пристигнала видеонимка и пријава од граѓанин, направена во 08.40 часот утринава за неодговорно палење отпадоци во Скопје.

Од ЦУК велат дека станува збор за локација во близина на ТВ Канал 5, до реката Вардар, каде што има голем број напуштени и срушени објекти.

Од ЦУК информираат дека утринава нема посериозни пожари, но дека во последното деноноќие пожарникарите гаселе повеќе пожари на отворено.

Од 14 до 18 часот вчера, осум пожарникари со три противпожарни возила, како и екипа од јавното претпријатие „Национални шуми“ гаселе запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација, на површина од пет хектари на автопатот Велес – Скопје, кај Катланово (Општина Петровец).

Опожарени се и околу 17.000 квадратни метри ниска вегетација и тоа во близина на Катланово и кај Перова Колиба во општина Петровец, на ул. Призренска, општина Бутел и кај Визбегово, Шуто Оризари.

Регионалниот ЦУК Битола, пак, известува дека во период од 03:45 до 07:00 часот со три пожарникари и едно возило интервенирале на запалено стрениште и напуштен објект во селото Бач, а имало и уште неколку помали пожари.

Во Свети Николе, од 17.45 до 19 часот, се гасело запалено стрниште и ниска вегетација кај браната „Мавровица“. Интервенирале шест пожарникари и две противпожарни возила како и двајца вработени во ЈП „Национални шуми“ со теренско возило со пумпа за гасење.

Регионалниот ЦУК Охрид, пак, пренесува дека во период од 04:21 до 06:44 часот интервенирале на пожар на дрвени бараки на ул. Боро Хаџиески во Струга.

Регионалниот ЦУК Куманово пренесува дека во период од 13:15 до 15:20 часот со четворица пожарникари и 1 противпожарно возило и Старо Нагоричане со уште едно возило и тројца пожарникари гаснале запалено ниска вегетација и стрниште и еден помошен објект (плевна), во с. Јачинце, каде што била опожарена површина од 6 хектари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...