Проверка на факти

Ситистас и Данилидис, „Ellinika Hoaxes“: Лажните вести се „бомба“ во темелите на демократијата

Фото: Nikos Kokalias, Kathimerini.gr
Теодорос Данилидис е основач, а Танос Ситистас уредник на „Ellinika Hoaxes“, најпознатата грчка веб-страница која се занимава со разоткривање на лажните вести и дезинформациите. Овој сервис функционира веќе шест години, од 2013 година. Во интервју за „Мета“ тие објаснуваат дека Грците за жал премногу...

Бугарски портал со тендециозно тврдење дека Јанева зела поткуп

Со прилично тенденциозен и манипулативен наслов: „Травестит и обвинител земаат милиони од рекет во Скопје“, бугарскиот портал „bgdnes.bg“  на 17.07.2019 година објави поширок напис за скандалот „Рекет“ придружен со повеќе фотографии од специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски - Боки 13 (кој во текстот се нарекува „травестит“). Барем засега...

Цукали: Најголемата фабрика за дезинформации во Албанија е Владата, општината Тирана и партиите

Во интервју за „Порталб.мк“, Колорето Цукали, раководител на Албанскиот совет на медиуми, вели дека најголемата фабрика за дезинформации во Албанија е албанската влада, градот Тирана и политичките партии. Според него, елиминирањето на медиумската неписменост кај албанските граѓани е долга работа, бидејќи е неопходно да...

Српски медиум со куп дезинформации за и околу Катица Јанева

Српскиот портал „Информер“ излезе со текст со кој уште во насловот ја дезинформира јавноста. Во гломазната насловна конструкција: „Аферата „Рекет" ја тресе Северна Македонија! "Падна" Боки 13, главниот обвинител под истрага, а сега се огласи и премиерот Зоран Заев!“, (AFERA "REKET" TRESE SEVERNU MAKEDONIJU! "PAO"...

Како македонската Моника Маковеј од симбол на правдата стана „случај“ во афера за милионски рекет

Специјалната обвинителка на Северна Македонија Катица Јанева, од персонификација на борбата против деценискиот режим на Никола Груевски изразена во крикот „нема правда нема мир“, преку еден буквално неверојатен сплет на случувања, се трансформираше во предмет на јавен линч и потсмев исполнет со повици за...

Медиумите не ја проверија информацијата за претресот на домот на Јанева, а не објавија ни демант

Лавина дезинформации и шпекулации во медиумите предизвика новиот случај „Рекет“ на Основно јавно обвинителство, за кој, менаџерот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески се во 30-дневен притвор, бидејќи се осомничени дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски...

Шебек: Добар виц би било дека главниот манипулатор, владата во Србија, се бори против дезинформации

Ненад Шебек е меѓународен консултант за медиуми и цивилно општество. Претходно Шебек работел како директор на Фондацијата Хеинрих Бол , а претходно портпарол на Регионалниот совет за соработка. Од 2002 до 2014 година работел и како Извршен директор на Центарот за демократија и обнова...

Можни се застои и застарувања на предметите на СЈО, сметаат експертите

Евентуалната вмешаност на Катица Јанева во скандалот со „Рекет“ нема да предизвика правен проблем со предметите на Специјалното јавно обвинителство што се во тек во судовите, но може да предизвика застои и одложувања, што, пак, може да доведе до застарување кај некои од предметите,...

Каде српски „Курир“ виде „хаос во Македонија“?

Српскиот портал „Курир“ на 15.07.2019 година објави текст со пресилен наслов:„ Хаос во Македонија поради Боки 13: Јовановски  уапсен  поради скандал со  8.000.000 евра, а замешан е и обвинител! Во Македонија нема хаос, сите институции на државата функционираат. Во прашање е скандал кој го тангира и Специјалното јавно обвинителство и кој се заканува да добие...

К’нев: Ромите, муслиманите и Македонците се најчеста мета на дезинформации во Бугарија

Красимир К’нев е еден од основачите и сегашен претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет (БХК). Докторирал на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и специјализирал човекови права на  универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Покрај претседателствувањето со БХК, тој предава човекови права на „Свети Климент Охридски“, а предавал...

Грчки медиуми „се запалија“ поради сонцето од Вергина, кое веќе го нема во ЈП „Водовод и канализација“

Еден грчки медиум викендов излезе со обвинувања дека во канцеларијата на генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација - Скопје“ сè уште стојат тепихот и слика на ѕидот на коишто се наоѓа сонцето од Вергина. Написот е придружен со фотографии коишто би требало да го...

И на мастиката, иако има само „ма“ од Македонија, Грците ѝ најдоа маана

Со бомбастични наслови, неколку грчки медиуми на почетокот на месецов се обидоа да го потпалат гневот на Грците објавувајќи статии дека Македонија на Грција сака да ѝ го украде и жестокиот традиционален пијалок „мастиха“. Од тоа што го изнесоа како факти, очигледно е дека...

Како непроверен политички коментар на потпретседател на опозициска партија во Албанија, стана вест

Албанскиот портал „Стандард.ал“ објави напис со наслов „Заев ни образложи за кого работи Рама или рускиот татко!“ со тешки обвинувања за премиерот Еди Рама, кој се повикува на Фејсбук статус на Петрит Васили, потпретседател на опозициското Социјалистичко движење за интеграции, од кој се добива...

Дезинформации околу „извинувањата“ на Заев до Тачи и Вучиќ

Српкиот портал „Телеграф“ објави текст во кој се наведуваат детали од разговорот на македонскиот премиер Зоран Заев со косовкиот претседател Хашим Тачи, а во врска со измамата со телефонските разговори што ги имал Заев со лажниот претседател Порошенко и ген-секот на НАТО, Јенс Столтенберг. Порталот,...

Срѓан Пухало: Во Република Српска дезинформациите доаѓаат преку јавните сервиси

Срѓан Пухало е доктор на психолошки науки во чие поле на интерес се политичката и социјалната психологија и истражувањата на јавното мислење. Тој е граѓански активнист, критичар на тековните состојби во Босна и Херцеговина и особено во Република Српска и редовен колумнист/блогер на порталот...

Анализа: Измамениот Заев – вест со краток здив, но со можни последици по премиерот и по државата

Веста на неделата – измамничките телефонски разговори на премиерот Зоран Заев со двајцата руски, наводно, шегобијци – нема капацитет подолгорочно да се задржи во медиумскиот простор во земјата и светот, но можно е да има импликации по угледот на Република Северна Македонија и секако,...

Од „немирите во Скопје“ до џамијата во Охрид има 175 километри и 100 светлосни години

Со формулацијата „Немири во Скопје: Македонците прават нереди поради доаѓањето на турскиот претседател Ердоган“ српскиот портал „Дневно.рс“ пласираше крајно неумесен обид за да се привлечат што е можно повеќе читатели со бомбастичен наслов. Тој е ставен над една нормална статија, всушност пренесена вест од српската...

„Тајните планови“ на големата ЦИА за голема Србија и голема Албанија се распослаа низ балканските сајтови

На 7 јули 2019 година, српскиот информативен веб-сајт „Телеграф.рс“ објави интервју со поранешниот помошник директор на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) за Балканот Стивен Мејер. Мејер во интервјуто ја коментира сегашната ситуација во регионот  на Западен Балкан и нуди свои идеи за стабилизирање...

За Делчев треба да зборуваат тој и историјата, а не Ангел Џамбаски

Спорот за тоа што бил Гоце Делчев по национално убедување што произлезе од работата на заедничката македонско-бугарска комисија за историските прашања и за учебниците, во изминатиов месец ја возбуди речиси целата јавност и во Бугарија и во Македонија. Притоа се слушнаа најразлични изјави, па...

„Вистиномер.мк“: Тие што го измамиле Заев немаат проблем да бидат „оружје на Кремљ“

Премиерот Зоран Заев даде изјава која ј„Вистиномер.мк“ ја оцени како вистинита: … Должен сум да кажам дека и јас станав еден од оние што во изминатите неколку години се измамени од добро организирана структура. Тоа се структури што извлекуваат придобивки од нови облици, алатки и тактики...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...