fbpx

Медиумите не ја проверија информацијата за претресот на домот на Јанева, а не објавија ни демант

-

Лавина дезинформации и шпекулации во медиумите предизвика новиот случај „Рекет“ на Основно јавно обвинителство, за кој, менаџерот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески се во 30-дневен притвор, бидејќи се осомничени дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, пишува „КриТинк“.

„Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018 година до месец април 2019 година, првоосомничениот искористувајки го своето влијание врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување меѓусебен контакт на првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосомничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле вкупно 1.500.000 евра“, рече на прес-конференција основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска

Јавно обвинителство не го откри обвинителот кој се споменува во случајот „Рекет“, но соопшти дека го зеле мобилниот телефон за да се утврди дали има некаква поврзаност на обвинителот и првоосомничениот Јовановски. Неофицијалните информации објавени во медиумите, говорат дека станува збор за специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, која ја даде остаката на 15 јули, истиот ден кога Јовановски и Милевски беа уапсени.

Но, токму одземањето на мобилниот телефон, ја разви „фантазијата“ на медиумите дека на Јанева ѝ бил извршен претрес во домот. Наместо да известат само за тоа што навистина се случило, без непотребно да ја шират приказната, а тоа е дека на Јанева ѝ е одземен мобилниот телефон, речиси сите медиуми (повеќе од 20) истиот ден со речиси идентични наслови известија дека се врши претрес во нејзиниот дом, без да се провери оваа информација во Основно јавно обвинителство.

Јавното обвинителство демантираше дека е вршен претрес, туку дека само ѝ е одземен мобилниот телефон. Но, овој демант не беше пренесен од страна на медиумите, за разлика од бомбастичноста на преносот на дезинформациите за претресот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...