fbpx

Цукали: Најголемата фабрика за дезинформации во Албанија е Владата, општината Тирана и партиите

-

Во интервју за „Порталб.мк“, Колорето Цукали, раководител на Албанскиот совет на медиуми, вели дека најголемата фабрика за дезинформации во Албанија е албанската влада, градот Тирана и политичките партии. Според него, елиминирањето на медиумската неписменост кај албанските граѓани е долга работа, бидејќи е неопходно да се отстранат факторите што ја предизвикале таа неписменост: лошиот образовен систем, колапсот на општествените вредности, недостатокот на алтернативни информации и уништувањето на новинарството. Впрочем, тој вели дека Владата на Албанија не планира да се бори против дезинформации, бидејќи не може да влезе во војна со себе.

Кои се најчестите медиумски манипулации и дезинформации кои циркулираат во Албанија?

За разлика од популарната перцепција дека најголем дел од дезинформациите доаѓаат од онлајн медиумите, таа главно доаѓа преку традиционалните медиумски алатки, главно телевизиите. Онлајн медиумите едноставно ги шират многу брзо со формулата н “копи-пејст известување“. Најголемата фабрика за дезинформации во Албанија е албанската Влада, градот Тирана и политичките партии. Веќе извесно време вестите на Владата се преземаат исклучиво од приватниот телевизиски (стриминг) канал на албанскиот премиер, ЕРТВ. Исто така, Градот Тирана продуцира свои вести преку сопствениот телевизиски тим и ги снабдува со готови рубрики телевизиите. За време на изборните кампањи, трите најголеми политички партии, исто така, произведуваат свои вести преку нивните телевизиски тимови и вработени во ПР, со кои ги снабдуваат медиумите. Ниту еден медиум не може да ја контролира и потврди вистинитоста на овие вести, ниту една камера не се дозволува да присуствува на владините настани, Градот Тирана и трите најголеми политички партии.

Видот на дезинформации што ги создаваат овие три фабрики варира од ширење на потполно лажни вести за противниците, делумна манипулација со настани, до намерен избор на некои вести, искривување на изјави на трети лица, и сите имаат форма на вистинска пропаганда.

– Како се бори вашата организација против напливот на дезинформации што се шират во медиумите и пошироко?

– Албанскиот совет на медиуми се обидува да ги зајакне и промовира моделите на етичко известување и новинарство. Наша цел е да создадеме медиумски механизми за саморегулација.

Дали постои “лек” против ширењето дезинформации?

– „Лек” има, но, за да останеме во рамки на оваа книжевна фигура, се соочуваме со општествено “тело” со сериозни и бројни болести на кое и се нападнати неколку “органи”. Затоа третманот треба да се спроведе на многу планови.

Прво, мислам дека ни се потребни вистински граѓани. Основата на дезинформацијата е масата на граѓани кои се медиумски буквално неписмени. Овие луѓе, кои се мнозинство, знаат да пишуваат и читаат, но не можат да ги одберат сигурните извори на вести, не знаат да се запрашаат за материјалите што им се “продаваат“, имаат тенденција да трчаат по помпезни наслови, а да не се фокусираат во суштината на настаните. Елиминирањето на медиумската неписменост кај албанските граѓани е долг пат, бидејќи треба да се елиминираат факторите што ја предизвикале истата: лошиот образовен систем, колапсот на општествените вредности, недостатокот на алтернативни информации, уништувањето на новинарството итн.

Второ, мислам дека треба да се обидеме да подигнеме 1, 2 или повеќе етички и професионални медиуми, така што јавноста да може да ја разбере разликата.

Трето, треба да се започне процесот на саморегулација на етиката во медиумите.

Дали Владата на Албанија планира да се бори против дезинформациите и колку е активна во ова прашање?

– Владата на Албанија не планира да се бори против дезинформациите, бидејќи не може да се впушти во војна со себе. Но, го користи изговорот за борба против дезинформациите за да создаде механизми за контрола на онлајн медиумите, како што е т.н. законски пакет “против клевета“. Преку овој предлог-закон, владата има за цел да создаде механизми за контрола и казнување на онлајн-медиумите, за да ги угаси критичките гласови кон неа кои се, за жал, достапни само во онлајн-медиумите.

Дали има некои судски случаи во Албанија за поттикнување и предизвикување на општа опасност, паника или општ страв во јавноста преку ширење дезинформации и говор на омраза?

– Според моето сознанија, не. Има само неколку судски постапки на политичари или судии против медиумите. Причината зошто таа не постои е дека јавноста ја изгубила вербата во правниот систем и пред сè, јавноста е збунета. Сега веќе, дури и нај не-етичките вести не импресионираат.

Колку се активни албанските медиумски здруженија во борбата против дезинформациите?

– Медиумските здруженија се борат, кој повеќе а кој помалку, но оваа војна не може да се спроведе без да се вклучи јавноста, а јавноста е веќе “зависник” од пропагандниот систем.

Како се претставува Македонија на албанските медиуми?

Според моите сознанија претставувањето е позитивно. Мислам дека е малку тромо, бидејќи медиумите во Албанија се одвиваат самостојно консумирајќи внатрешни прашања на Албанија и немаат ниту визија, ниту голем интерес ниту одговорност да и го дадат на Северна Македонија просторот што и следува.

Дали се случува да има дезинформации за Северна Македонија во албанските медиуми и кои се најчестите?

– Тешко ми е да одредам. Главно, веста што се преземаат се копи-пејст од медиумските извори на Северна Македонија, не е исклучено да има и некое “спонзорство” од таму за албанскиот пазар. Како што реков, речиси невозможно е да се проверат вести со дезинформации на кои извор им на булеварот Дешморет е Комбит во Тирана (адреса на Владата н.з.)… а замисли ги оние што доаѓаат од Скопје, Тетово или Приштина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...