fbpx

Проверка на факти

Контраспин: Собранието можело да разрешува министри, ама не смее да го разреши Зврлевски?!

На 10.08.2017 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за работата на министерот за финансии Драган Тевдовски. Ваквиот потег на најголемата опозициска партија, којшто го сметаме за спинерски, на прес-конфернција го образложи пратеничката Лилјана Кузмановска,  која, меѓу другото, рече: Спин: Министерот за финансии односно министерот за кратење и задолжување Драган Тевдовски...

Корупцискиот магнет „Синохидро“ и спинот на Груевски

Интервју на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ТВ Нова: Прашање: Земавте ли пари од Кинезите? Одговор: Никакви пари не сум земал, какви пари, тоа се државни фирми, државни компании, на памет не ми паднало такво нешто! https://youtu.be/WAad7fruUkI Ваквиот одговор на Груевски имплицира како небаре...

Неумесно е Иванов да бара милост од Собранието за тепачите на пратениците

Изјавата на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, во која тој практично се заложи Собранието да направи амнестија на осомничените и на обвинетите за крвавиот инцидент во Собранието на 27 април, „Вистиномер“ ја смета за несоодветна и ја оценува за недоследна. „Иванов, барајќи од новиот собраниски состав –...

Контраспин: Груевски владееше „диктаторски“, за другите – ќе видиме

„Само диктатори се опираат до последно за да се симнат од тронот и да се согласат да заминат во опозиција. За тоа има премногу јасни показатели за целата домашна и меѓународна просветлена јавност“, пишува „Вистиномер“. „Статусот на фејсбук-страницата на Никола Груевски е наменет за да...

Наместо за „Титаник“, Јанкулоска со политички квалификативи за СЈО

Поранешната министерка за внатрешни работи во владата на експремиерот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, на 6 февруари годинава ја даде следната изјава за која „Вистиномер“ цени дека е невистина. - Очигледно е дека во моментот на наближување на разврската на политичката криза на Зоран Заев му е потребна...

ГРОМ со спинови го храбри Иванов за нови аболиции

Пренџов од ГРОМ нема право кога вели дека „образложението на СЈО за тоа зошто се откажува од обвинителниот акт е обична „евтина манипулација“ со аргументи кои, наводно, само тие ги знаат и никој друг во државата“, а изјавата дека „критизерите на аболициите го губат...

Контраспин: Криминалот и корупцијата не исчезнаа за СЈО да биде беспредметно

СЈО е стожерот кој треба да обезбеди правна разврска на кризата, без која нема излез од спиралата што Македонија ја води во регрес и во опасност од дезинтеграција. СЈО беше продукт на Договорот од Пржино и констатација во анализата на Рајнхард Прибе за измена...

Контраспин: Груевски ем се заканува на дипломати, ем бил прозападно ориентиран?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изминатиот викенд пред Државната изборна комисија (ДИК), читајќи го прогласот усвоен од партискиот извршен комитет, во кој најави дека партијата нема да учествува на евентуално прегласување, даде неумесна изјава во која остро ги нападна странските дипломати, пишува „Вистиномер“. Оваа изјава...

Контраспин: Кој работеше на поделби цело време

Тој што работеше на поделби на граѓанска, интраетничка и меѓуетничка поделба речиси десетина година, не може сега да повикува на намалување на јазот и на обединување околу заеднички цели, пишува „Вистиномер“. Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде следнава изјава што „Вистиномер“ ја оценува како спин: Спин:...

Контраспин: Трајко Вељаноски со лицемерна дефиниција за тоа што е национален интерес

Точно е, како што вели Вељаноски, дека ќе се избира помеѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата. Само уште да дефинира точно што се највисоки национални интереси, а што е лицемерие кое...

Ванхојте: Рокот од 18 месеци во Законот за СЈО го договорија Груевски и Заев без преговори

Странците предлагале да нема рок, СДСМ предлагал рок од околу две години, а Груевски 18 месеци, по што Груевски и Заев се договориле да останат само 18 месеци за истраги и за обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ова за „Вистиномер“ го сведочи тогашниот...

ВМРО-ДПМНЕ контра СЈО: Против факти со говор на омраза

Откако во претпладневните часови на 15 септември 2016 година во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше соопштено дека се поднесуваат првите две обвиненија, а малку подоцна, откако медиумите утврдија дека со едното, за казниво дело се товари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски,...

Има место за страв – не знаеме како се градело последните 20 години

Проф. д-р Михаил Гаревски за „ТВ Нова“ даде изјава во врска со стабилноста на објектите во Скопје и околу чувството на загрозеност кај граѓаните, која ја оценуваме како недоследна, пишува „Вистиномер“. „Нема место за паника и од друг аспект, бидејќи – секогаш кога зборувам, зборувам за зградите...

КОНТРАСПИН: Парадирањето на Груевски е непочитување на системот

Еден ден по катастрофата што му се случи на Скопје и во која загинаа над 20 лица, Никола Груевски, во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на терен во погодените подрачја, направи неколку извртувања на вистината, пишува Вистиномер. Груевски таму се упати откако заедно со премиерот...

КОНТРАСПИН: Најмалку што треба да направи Трајановски, е да понесе морална одговорност

Во ситуација кога во Скопје се случи потоп и кога има над 20 жртви, крајно несоодветно е со невидена леснотија да се елиминира одговорноста во стилот „така сакал Господ“! Наместо да се турка спинерската приказна дека „природата била сурова“, најмалку што треба Трајановски да...

Контраспин: Долгот преку државни записи изнесува 617 милиони евра и не „се приближува кон нула“

Спин: „Во изминативе два месеци се откажани дури три предвидени аукции на државниот пазар. Нето-задолжувањето по однос на државни записи се приближува кон нула.“  Контраспин: Овој дел од соопштението на Министерството за финансии претставува спин. Како и да се обидувате да го протолкувате, ова единствено...

КОНТРАСПИН: Министерство за финансии? Која е разликата меѓу Европа и ЕУ?

„Македонија е умерено задолжена земја и доколку се пресметаат средствата од еврообврзницата, во согласност со податоците на Еуростат, Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг помал од 50 отсто од домашниот бруто-производ.“ (Извор: Министерство за финансии, Датум: 20 јули 2016 г.) Во горниот извадок од...

Нема правни пречки за формирање посебно судско одделение

Откако се разгоре повторно темата за формирање на специјални одделенија во судовите и во полицијата за водење на предметите што ќе ги истражува или ги процесуира Специјалното јавно обвинителство, се разгореа и контраизјавите, пишува „Вистиномер“. Една таква, по вторпат во две недели, дава претседателот...

„Второ читање“ за легислативата за СЈО – „второ читање“ и за оптимизмот на Нуланд

Веројатно од преголема желба за некаков позитивен исчекор, медиумите во земјата речиси бeз исклучок го истакнаа оптимизмот на високата американска функционерка, Викторија Нуланд, која по вчерашната обиколка на Македонија искажа уверување дека наскоро може да има пробив и позитивен исход на т.н. „пржински процес“. Тоа...

Судскиот буџетски совет не смее колективно да ги намали платите

Судскиот буџетски совет (СБС) до вработените во судовите доставил известување во кое стои дека колективно ќе им се намалат платите за 40 отсто за оние месеци во кои судската администрација штрајкувала. Оваа одлука на СБС доаѓа неколку дена по првото решение во кое се...

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...