fbpx

Проверка на факти

„Вистиномер“: Како Мира „Дизел“ го засени НАТО

Ако се гледа според бројот на наслови по интернет медиумите пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, дебело ги засени сите настани изминативе неколку дена. Пратеничката позната во јавноста како Мира „Дизел“, целосно ги преклопи исклучително важните случувања за нашата држава , какви што се: официјалното...

Партиските вработувања не можат да се оправдаат

Изјавата на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, со која тој сака да ги оправда вработувањата на личности блиски до функционерите од власта, „Вистиномер“ ја оцени за недоследна. Да се правда непотизмот на власта при вработувањето на блиските роднини и партиските кадри, со образложение дека...

Гордана Силјановска-Давкова: Противничката на Договорот од Преспа како можен кандидат за претседател

Деновиве доста се дискутира околу можноста Правниот факултет при УКИМ одново да даде кандидат за станар во претседателската вила на Водно, откако актуелниот Ѓорѓе Иванов почнува да си ги пакува своите лични предмети, заради завршување на претседателскиот мандат. Имено, се говори за тоа дека...

Влатко Ѓорчев со претседателски амбиции и политички стаж без криминален багаж

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко  Ѓорчев, е првиот кој се охрабри јавно да ги соопшти своите амбиции да влезе во битката за шеф на државата. Тој уште пред една недела (23.01.2019), објави дека се пријавил на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, кој трае до...

Измислена злоупотреба на државни пари

Написот не избира средства и начини како да го нападне премиерот Зоран Заев. За тоа дури користи и членови на неговото семејство. Заради одредена пропагандистичка цел, написот измешал загадување на воздухот, болни деца, државни пари, со премиерот Зоран Заев и неговата ќерка. Нема никаква поврзаност...

Со помали глоби „поуспешно“ против корупцијата

Целосно новиот главен антикорупциски закон, и покрај значителните измени на подобро во однос на досегашниот, е со вградени фалинки добиени при последната амандманска расправа, особено во делот политички партии и незаконско финансирање. Зачудува и генерално намалената прекршочна политика, со значително помали суми за прекршоци...

Барање заговори по секоја цена

  На социјалните медиуми корисниците често знаат произволно да толкуваат официјални вести, информации и фотографии, а притоа не помалку често, од тоа да произлезат лажни вести. Таков е и случајот со објавата на социјалната мрежа „Твитер“, која е предмет на оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Филипче...

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во...

Каракачанов и новинарот во натпревар против Македонија со антиката и средновековјето

Во обемно интервју со Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, емитувано на 8 јануари на бугарската радиомрежа „Фокус“, новинарот изобилно ја користеше реториката на познатиот негатор на македонската нација дотолку што интервјуто изгледа како...

Не може да има критика во една вест без да има докази

Никој не чита некоја вест за да го дознае мислењето на новинарот за неа. Вреднувањето на јавноста се гради врз информациите што таа ги добива за збиднување, поддржани од неколку извори на информации, но секогаш што е можно пообјективни. Во веста што ја рецензираме,...

Невистинито известување за нов германски закон за визи

Збунувачки напис што ја дезинформира јавноста и на читателската публика ѝ сервира погрешна слика дека е сменета процедурата за тие што сакаат да ја напуштат Македонија и да работат во Германија. На медиумите што го објавија овој текст извор им е некој наводен нов германски закон, кој...

Воскреснувајќи го т.н. „Крвав Божик“ од 1945 г. во Македонија, бугарските медиуми го воскреснуваат националистичкиот мит

Голем број бугарски медиуми во понеделникот, на денот на одбележувањето на Божик во Македонија излегоа со потсетување на, како што велат, „Крвавиот Божик“ од 7 јануари 1945 година, кога на територијата на сегашна Република Македонија, а тогашна Демократска Федерална Македонија, биле убиени „1.200 Бугари“. За...

Новинарот треба да одговори, а не да ги прашува читателите дали Богоев трошел народни пари во бордел

  Текстот што го рецензираме е манипулативен, полн со прашања, без ниту еден одговор. Целиот напис се базира на претпоставки со кои се прави обид да се убеди јавноста дека се вистинити.   Линк до оригиналниот напис: ТРОШЕЛ ЛИ БОГОЕВ НАРОДНИ ПАРИ ВО БОРДЕЛ?: Градоначалникот на Карпош ќе...

Никој нема право на свои факти: Тендер добиен преку е-аукција и во четири очи не е исто

  Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички и неточен. Во него се тврди дека „неформалниот сопруг на министерката Царовска добивал набавки во четири очи“, но компанијата МЕПСО, преку која тој, наводно, ги добивал тендерите, ја демантира оваа вест. Од МЕПСО велат дека договорот...

Не се затвораат и никој не бара да се затворат сите обложувачници во Македонија

  Текстот што го рецензираме, прво, е класичен пример за ширење дезинформација и, второ, според ништо не личи на новинарски напис. Линк до оригиналниот напис: Се затвараат сите кладилници во Македонија? Датум и време на објавување: 25.12.2018 Датум на рецензирање: 28.12.2018 Рецензент: Ана Анастасовска Написот нема лид, нема објаснување на проблемот, нема обработка на...

Топ-5 дезинформации од протестите против Договорот со Грција

Откако Владата на Зоран Заев влезе во сериозни и директни преговори со официјална Атина за конечно затворање на деценискиот спор со Грција за името на државава, почнаа да се одржуваат чести, поголеми или помали, протести „против промена на уставното име на државата“ и „за неменување на идентитетот...

Тoп-5 дезинформации за СЈО во 2018

Од формирањето до денеска, Специјалното јавно обвинителство го следат купишта лажни вести, манипулации, дезинформации. Особено трите обвинителки, кои ги водеа прес-конференциите во кои се најавуваа истрагите и обвинителните акти, на кои работеше Oбвинителството, беа постојана мета на обиди за лична дискредитација со написи чија...

ТОП 5 Контраспина за 2018: Кои беа главните теми за спинување

Да се одберат пет спинови што беа деспинувани во рубриката „Контраспин“ на „Вистиномер“ е мала бројка за она што се случуваше во 2018 година, во која вистината се извртуваше на големо и тоа од сите страни. Под паролите „името не го даваме“ или „името...

Топ-5 дезинформации за Преспанскиот договор

Договорот со кој Македонија и Грција ставаат крај на дводеценискиот спор за името го поздравија многу светски лидери, а во Македонија јавноста се подели. Некои го поддржуваат, некои остро се спротивставуваат. Тоа беше и причина за ширење разни дезинформации за договорот, за кои министерот...

Веста не смее да биде холивудско сценарио без да има реални аргументи

  Во веста што е предмет на oваа рецензија, објавена од албанскиот „Топ-ченел“, се алудира дека актуелниот министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Никола Димитров, е агент на ЦИА. Веста понатаму додава и дека до ваквиот заклучок дошле домашните медиуми во Македонија. Но,...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...