Македонија Страница 2067

Македонија

Привремен сообраќаен режим пред Македонскиот народен театар

Улицата пред објектот на МНТ ќе биде затворена од 17 до 22 часот
Утре, во периодот од од 17 до 22 часот, на улицата Иљо Војвода бб, пред објектот на Македонски народен театар, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај, известуваат од Град Скопје. Привремениот сообраќаен режим по улицата Иљо...

Хан: Можеби треба да видиме поинаков пристап за спорот за името

По 20 години нерешавање на спорот за името, можеби би требало да видиме дали е можен поинаков пристап, изјави за „Радио Слободна Европа“ новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција. Тој, според Хан, влијае врз понатамошното...

Почна регистрацијата на сурогат-мајки

Денеска во Министерството за здравство почна постапката за пријавување во регистарот за гестациски носители, со што почна да се реализира проектот за сурогат-мајчинство во Македонија. Министерството ќе води и регистар на брачни двојки кои се заинтересирани за оваа постапка. Сурогат-мајки може да бидат жени постари од 25...

Американ колеџ со договор за соработка со Мастрихт школата

Договор за соработка со Мастрихт школата за менаџмент потпиша денеска Американ колеџ од Скопје со што стана првата високообразовна институција во земјава со воведување на МБА програмата. Таа е рангирана помеѓу првите 100 во светот по Шангајската листа и како глобален проект се спроведува во уште...

Поднесено обвинение за убиството на матурантот во Ѓорче Петров

Јавното обвинителство покрена обвинение против осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи кон средината на мај годинава, во населбата Ѓорче Петров. Според обвинителниот акт, осомничениот се товари за две кривични дела, тешка кражба и убиство со умисла. Соопштението од јавното обвинителство ви го...

Семејното насилство се храни од бавноста и нереагирањето на институциите

Четири убиства, од кои едно двократно и едно трикратно, на кои им претходело семејно насилство, се случиле од мај до ноември годинава, што е алармантната бројка која укажува на нефункционалноста на системот за заштита, реагираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно...

СДСМ: Зошто полицијата дозволи да бидат одземени три човечки животи

Тројно убиство во Кавадарци е класичен пример дека системот што треба да спречи насилство, не функционира. Институциите должни да ги заштитат граѓаните, целосно потфрлија. Сторителот на убиството бил пријавуван неколкупати во полиција и во центрите за социјални работи! Зошто полицијата и центрите за социјална...

Нимиц вчера на одделни, а денеска на заедничка средба со Наумовски и со Василакис

Одделни средби со претставниците на Македонија и на Грција, амбасадорите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, имал синоќа во Њујорк посредникот во спорот за името Метју Нимиц. Денеска, пак, во 16 часот по македонско време, тој ќе има заедничка средба со двајцата дипломати.  

Работилница на УНФПА во Штип

Караванот работилници на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“, оваа недела продолжи во градот Штип. -Верувам дека приоритет за подобра иднина е подобрувањето на образовниот систем, кој ќе даде поквалитетен кадар. Така ќе се влијае...

„Сахара“ не се откажува од проектите во Македонија

Иако „Сахара“ има јасен приоритет дека проектите во Македонија нема да бидат запрени, се случија работи поради кои беа одложени како резултат на административни бариери или компликации што се појавија поради ситуацијата на терен, информираат од „Елемент ПР“, агенцијата за комуникации со „Сахара“. Според соопштението,...

ЕВН им ја исклучи струјата на СРЦ „Билјанини извори“ и на ОУ „Григор Прличев “

Учениците од двете смени на ОУ „Григор Прличев“ ја следат наставата под принудна дневна шема, само додека трае дневната светлина. Од вчера, училиштето е без електрично напојување бидејќи „ЕВН Македонија“ го исклучи ова училиште од системот за напојување. Причината е неплатен долг. Наставата во...

Попоски на средба со Хан во Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе разговара со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во Брисел. Предвидено е Попоски да учествува и на дебатата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност“. Вчера тој имаше средби со неколкумина пратеници во Европскиот парламент. - Земјите-членки на...

Хојт Брајан Ји: Името може да се реши ако Нимиц помогне

Решение за спорот за името е можно со асистенцијата на посредникот Метју Нимиц, изјави заменик помошник на државниот секретар на Стејт департментот задолжен за Европа и за Евроазија, Хојт Брајан Ји. Во пресрет на новата рунда разговори закажани за денеска во Њујорк, тој вели дека за...

Се чистат коритата на Вардар и на Серава

Екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта“ почнаа со чистење на коритата на реките Вардар и Серава, на локација на локација кај Вардариште во општина Гази Баба. Досега исчистени се околу 600  метри. Од коритото на реката Вардар, машински се извадени  3.200 кубни метри наноси...

Пратениците ќе расправаат за измени на Законот за акцизи по скртена постапка

Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка е единствената точка на дневен ред на 22. седница на Собранието на Република Македонија. По завршувањето на оваа седница ќе продолжи 21. седница што почна во понеделникот. На оваа седница пратениците треба да...

Украинска компанија ќе гради живинарска фарма во Македонија

Изградба на живинарска фарма најави украинската компанија „Семинога“ на средбата на Здружението на трговија и Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија со претставниците од амбасадата на Украина. Украинската компанија „Семинога“ е еден од најголемите производители на пилешко месо како суровина за...

Американски експерти за аутизам во посета на Македонија

Тим од експерти за аутизам од САД, минатата недела спроведе обука на македонски доктори. Во тимот има четири доктори и професори од Центарот за истражување и третман на аутизам, во рамки на Универзитетот на Калифорнија - Лос Анџелес (УКЛА), кој претставува еден од најпрестижните едукативни центри во светот. Тимот...

Денеска облачно со повремен дожд

Во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 11 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 17 степени. Во Скопје се очекува слично време,...

Битолчани ќе ангажираат приватна лабораторија да го мери загадувањето

Граѓанското здружение „За нас се работи“, по големиот протестен марш во Битола и по игнорирањето од локалната власт за нивната иницијатива „Битола сака чист воздух“, нуди алтернативно решение - лиценцирана лабораторија седум дена да го мери загадувањето на воздухот токму во центарот на градот,...

Научниците бараат повеќе пари за науката

На светскиот ден на науката, научните работници од земјава укажаа дека е потребна посебна институционална организација која би била исклучително поврзана со науката. И покрај Националната програма за наука, научно-истражувачката дејност во земјава стагнира. Според дел од академската јавност, која работи на полето на науката без...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...